Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Антикорупциска култура и етичко лидерство, фокус на обуката за Градење интегритет во одбраната

Антикорупциска култура и етичко лидерство, фокус на обуката за Градење интегритет во одбраната


Во согласност со Годишниот план на активности за 2025 година за градење интегритет во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел”кој е во рамки на Секторот за образование и обука на 10 јуни 2025 година се реализираше обука на тема: „Градење интегритет во одбраната”, со фокус на антикорупциска култура и етичко лидерство.

 

Обуката беше реализирана од страна на сертифицирани обучувачи за градење интегритет во одбраната од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и од Директоратот за безбедност и разузнавање во одбраната. Учесниците на обуката преку предавања, интерактивни сесии и практични вежби ги обработија клучните принципи на интегритет во насока на јакнење на професионалните стандарди во безбедносниот сектор.

Оваа обуката претставува значаен чекор кон подигнување на свеста и градењето на одржливи механизми за интегритет во институциите на одбраната, со цел ефективно извршување на задачите во одбраната.

Мени за пристапност