Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Обука за изработка на План за интегритет на Министерството за периодот 2026 – 2029 година

Обука за изработка на План за интегритет на Министерството за периодот 2026 – 2029 година

Секторот за образование и обука во соработка со Центарот за интегритет во одбранбениот сектор од Норвешка (CIDS) на 30 април во Центарот за обука во одбраната „Д-р Џозеф Крузел“ организираше обука на тема „Изработка на План за интегритет во одбранбениот сектор“.

 

Целта на семинарот беше подобрување на знаењата и способностите на членовите на работната група во Министерството која е задолжена со изработка на Планот за интегритет 2026 – 2029 година, во однос на правните рамки и аспекти, идентификувањето и оценувањето на ризиците по интегритетот, како и зајакнување на вештините за негова имплементација и мониторинг.

Воедно, учесниците имаа можност и да се запознаат и со научените лекции од Планот за интегритет 2021-2024 со посебен акцент на јавните набавки, како и со идните чекори за евалуација на овој План.

Предавачи на обуката беа Свеин Ериксен, виш меѓународен експерт, Дамир Ахметовиќ, меѓународен експерт за јавен менаџмент од CIDS и Ислам Јусуфи, локален тим лидер од CIDS.

Обуката беше организирана согласно Годишниот план на активности за 2025 година за градење интегритет помеѓу Министерството за одбрана и Центарот за интегритет во одбранбениот сектор од Норвешка.

Мени за пристапност