Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Реализирана обука на тема „Превенција од корупција“

Реализирана обука на тема „Превенција од корупција“

Во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“, на 16.03.2026 година претставници од Државната комисија за спречување на корупцијата –ДКСК, ја спроведоа обуката на тема „Превенција од корупција“ за вработените во Министерството за одбрана и Армијата.

Целта на обуката е јакнење на капацитетите за препознавање, спречување и соодветно постапување при коруптивни ризици во одбранбениот сектор.

Предавачите од ДКСК преку својата експертиза и искуство дадоа значаен придонес кон квалитетот на обуката и преносот на знаење, а учесниците активно придонесоа во дискусиите и размената на искуства. Во текот на обуката беа опфатени теми поврзани со поимот и појавите на  облици на корупција, НАТО систем на интегритет и поврзаност со националниот систем на интегритет, како се спроведува системот за интегритет, управување со судир на интереси и примена на Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Со реализацијата на оваа обука, Министерството за одбрана уште еднаш ја потврдува својата определба за градење на ефикасен, транспарентен и одговорен одбранбен систем.

Обуката се организира и реализира од страна на Секторот за образование и обука при Директоратот за управувањее со човечки ресурси, образование и обука.

Мени за пристапност