Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Реализиран четвртиот модул од „Академијата за раководен кадар“

Реализиран четвртиот модул од „Академијата за раководен кадар“

На 5 ноември 2026 година, во Центарот за обука за одбрана „Д-р Џозеф Крузел“, касарна „Гоце Делчев“ – Скопје, се реализираше четвртиот модул од „Академијата за раководен кадар“. Во рамките на модулот беше обработена темата „Лојалност во јавната служба“, преку стручни излагања, дискусии и анализа на практични случаи.

На Академијата учествуваа раководни службеници од категориите А и Б од повеќе институции, меѓу кои Министерството за одбрана, Министерствата за финансии, за надворешни работи и надворешна трговија и за внатрешни работи. Вклучувањето на раководен кадар од различни институции овозможува согледување на различни институционални перспективи, споделување на искуства и практики, како и воспоставување посилна основа за координација и соработка во извршувањето на раководните функции и спроведувањето на јавните политики.

Обуката организирана од Секторот за образование и обука при Директоратот за управување со човечки ресурси, образование и обука, во соработка со Министерството за одбрана на Кралството Норвешка ја реализираа норвешки експерти.

„Академијата за раководен кадар“ е дел од континуираните активности на Министерството за одбрана, насочени кон развој на лидерските и професионалните капацитети на раководниот кадар, јакнење на професионалноста и одговорноста и подобрување на ефикасноста на јавната администрација. Обуката беше реализирана согласно Календарот за специјализирани обуки за 2026 година.

Мени за пристапност