Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Обука за развој на внатрешните комуникации во одбраната

Обука за развој на внатрешните комуникации во одбраната

На 10 и 11 ноември 2026 година, во Регионалниот центар за медиа тренинг беше реализирана обука за „Унапредување на внатрешната комуникација во одбранбениот сектор“.

Целта на обуката беше унапредување на вештините за јасна, ефикасна и безбедна внатрешна комуникација, подобра размена на информации и зајакнување на координацијата и соработката меѓу цивилните и воените структури. Преку предавања, дискусии и размена на искуства, учесниците ги продлабочија знаењата за ефективните комуникациски канали, улогата на раководството и можностите за подобрување на протокот на информации во одбранбениот сектор.

Обуката беше организирана од Одделението за обука „Џозеф Крузел“ при Секторот за образование и обука, Директорат за управување со човечки ресурси, образование и обука, во соработка со Центарот за интегритет во одбранбениот сектор од Норвешка (CIDS).

Мени за пристапност