Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Поддршката на семејствата на припадниците упатени во хуманитарни или мировни операции приоритет на Министерството за одбрана

Поддршката на семејствата на припадниците упатени во хуманитарни или мировни операции приоритет на Министерството за одбрана

Министерството за одбрана во 2024 г. континуирано спроведуваше активности за помош и поддршка на сите членови на семејствата на припадниците упатени во хуманитарни или мировни операции надвор од државата.

Според Планот на министерството во 2024 година беа реализирани активности во две фази. Првата фаза, пред упатување во мисија, беше реализирана на 12. август, 25. ноември и 17. декември во Домот на Армијата во Скопје и во касарната “ Чеде Филипоски – Даме” во Кичево. За време на овие активности припадниците на Армијата и членовите на нивните семејствата, преку информативни брифинзи добија информации за нивните права и можности за помош и поддршка од Министерството и Армијата за времетраењето на мисијата.

Втората фаза од Планот, кој го опфаќа периодот, за време на мисијата, беше опфатена социјалната поддршка на семејствата, која беше реализирана преку организација на посета на културно – историски знаменитости. Во рамките на оваа фаза беше организирана и еднодневна посета на Музејот на македонската борба за самостојност и заеднички ручек за семејствата на припадниците.

Како дел од грижата и поддршката на семејствата на припадниците беше и традиционалната неформална предновогодишна дружба на 28. декември на која присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, каде на децата на припадниците упатени во мировни мисии и операции им беа поделени новогодишни пакетчиња.

Грижата за семејствата на припадниците продолжува и останува приоритет на Министерството за одбрана и во 2025г.

Мени за пристапност