Согласно член 166-г од Законот за одбрана (,,Службен весник на РСМ бр.42/01,05/03, 8/06, 110/08, 51/11, 151/11, 185/11, 215/15 и 42/20), Министерството за одбрана има обврска да изготви и достави квартален извештај, кој се објавува на интернет страницата на министерството.
Секторот за инспекција во одбраната, Ве известува дека во кварталниот период Јули-Септември 2024 година, реализира вкупно 4 (четири) инспекциски надзори согласно Годишната програма за инспекциски надзор за 2024 година.
Извршени се инспекциски надзори во делот на надзор над примената и спроведување на прописите од областа на одбраната во субјектите:
1. Во месец септември:
– Основен суд – Струмица;
– Основно јавно обвинителство – Струмица;
– Вонреден инспекциски надзор во: СЧР на МО, ГШ на Армијата, Воена Академија, Воен Оркестар, баталјон за почести;
– Хеликоптерски сквадрон -Петровец.