Почитувани,
Министерството за одбрана во врска со Јавниот оглас број 2/2026 за вработување на 5 (пет) лица во Министерството за одбрана, објавен на 05.11.2026 година ги известува сите кандидати дека е завршена првата фаза од постапката за селекција и избор – административна селекција.
Со цел навремено и транспарентно известување на сите кандидати за вработување, а во врска со член 5 став (3) од Правилникот за начинот на поднесување на пријава за вработување во Министерството за одбрана, составот на Комисијата за избор, начинот на работа на Комисијата за избор, составување на ранг листи, бодување и избор на прворангиран кандидат, во прилог на ова известување се објавуваат ранг листи на кандидати кои поминуваат во следната фаза на постапката, односно втора фаза – писмен испит, како и на кандидати кои не поминуваат во следната фаза на постапката и за кои постапката е завршена.
РАНГ ЛИСТИ:
Работно место бр. 4 ОДБ0210Б04000 Раководител на Одделение за координација и реализација на меѓународни операции, мисии и вежби, категорија Б, (1) извршител и
Работно место бр. 5 ОДБ0210Б04000 Раководител на Одделение за планирање и буџетска координација, категорија Б, (1) извршител.
За кандидатите кои поминуваат во втората фаза, писмениот испит (општ и посебен дел) ќе се спроведе на 30.11.2026 година (понеделник) со почеток од 09.00 часот во просториите на Министерството за одбрана, Регионален центар за односи со јавност, објект во касарна Гоце Делчев, населба Аеродром, Скопје (ул.Васко Карангелевски бб, Скопје).
Се замолуваат кандидатите да дојдат 15 минути порано пред закажаниот термин и со себе да понесат важечки документ за идентификација (лична карта или патна исправа) и доделениот идентификациски код.
Неприсуството на писмениот испит ќе се смета за повлекување од постапката за селекција и избор по Јавниот оглас број 2/2026 за вработување на 5 (пет) лица во Министерството за одбрана.
Со почит,
Министерство за одбрана