Согласно член 166-г од Законот за одбрана (,,Службен весник на РСМ бр.42/01,05/03, 8/06, 110/08, 51/11, 151/11, 185/11, 215/15 и 42/20), Министерството за одбрана има обврска да изготви и достави квартален извештај, кој се објавува на интернет страницата на министерството.
Секторот за инспекција, Ве известува дека во кварталниот период Јануари-Март 2025 година, реализира вкупно 5 (пет) редовни инспекциски надзори согласно Годишната програма за инспекциски надзор за 2025 година и 1 (еден) вонреден инспекциски надзор.
Извршени се инспекциски надзори во делот на надзор над примената и спроведување на прописите од областа на одбраната во субјектите:
1. Во месец февруари:
– АД Печатница „Киро Дандаро Битола”;
– Директорат за аквизиција во МО;
– Воен хотел ”Илинден” – Скопје.
2. Во месец март:
– Баталјон за почести;
– Основен суд – Штип;
– Основно јавно обвинителство – Тетово.