Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Информација за користење на хотел „Шар“ на Попова Шапка

Министерство за одбрана Министерство за одбрана

Врз основа на Решението н а Министерот за одбрана со арх. број 7-27-3428/1 од 01.12.2025 година за организирање и реализациjа на зимската туристичка сезона 2025/2026 година во хотел „Шар” Попова Шапка како и Решението на Министерот за одбрана за овластуванье за потпишување на акти бр 02-1/74 од 18.06.2025 година,овластеното лице во Директорат за услуги спорт и рекреациjа донесе:

Р Е Ш Е Н И Е
за цени за угостителски и туристички услуги во хотел „Шар“, Попова Шапка
во зимската туристичка сезона 2025/2026 година

1. За гости врботени во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, цените на услугите во зимската туристичка сезона 2025/2026 година се:
– Полн пансион…………………………………………………………..1.250,00 денари
– Ноќевање………………………………………………………………………..400,00 денари

2. За надворешни гости цените на услугите во зимската туристичка сезона 2025/2026 година се:
– Полн пансион…………………………………………………………..1.450,00 денари
– Ноќевање ……………………………………………………………………….600,00 денари

3. За странски гости цените на услугите во зимската туристичка сезона 2025/2026 година се:
– Полн пансион………………………………………………………….2.000,00 денари
– Ноќевање ………………………………………………………………………1.150,00 денари

За деца гости на возраст над 7 години ќе се наплатува полн пансион.

За сите корисници на услугите над 18 години ќе се наплатува туристичка такса во висина од 40,00 денари согласно Законот за такса за привремен престој.

За странските корисници на услугите туристичката такса е пресметана во цената на пансионот.

Цените се со пресметан ДДВ од 5%.

Лице за контакт: Зоран Величковски 071/315 073 и Стефанија Кежаровска

Мени за пристапност