Согласно член 166-г од Законот за одбрана (,,Службен весник на РСМ бр.42/01,05/03, 8/06, 110/08, 51/11, 151/11, 185/11, 215/15 и 42/20), Министерството за одбрана има обврска да изготви и достави квартален извештај, кој се објавува на интернет страницата на министерството.
Секторот за инспекција, Ве известува дека во кварталниот период јануари-март 2026 година, реализира вкупно 4 (четири) инспекциски надзори, 3 (три) редовни инспекциски надзори согласно Годишната програма за инспекциски надзор за 2026 година и 1 (еден) вонреден инспекциски надзор.
Извршени се инспекциски надзори во делот на надзор над примената и спроведување на прописите од областа на одбраната во субјектите:
1. Во месец февруари:
- Воена академија „ Генерал Михаило Апостолски“- Скопје;
- Центар за изработка на доктрини, правила, упатства и научени лекции.
2. Во месец март:
- Директорат за услуги спорт и рекреација во МО;
- 3. пешадиски баталјон.