Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување за Јавен оглас број 1/2026 за вработување во Министерство за одбрана и ранг листи – завршена втора фаза

Министерство за одбрана Министерство за одбрана

Почитувани,

Министерството за одбрана во врска со Јавниот оглас број 1/2026 за вработување на 35 (триесет и пет) лица во Министерството за одбрана, објавен на 07.04.2026 година ги известува сите кандидати дека е завршена втората фаза од постапката за селекција и избор – писмен испит.

Со цел навремено и транспарентно известување на сите кандидати за вработување, а во врска со член 5 став (3) од Правилникот за начинот на поднесување на пријава за вработување во Министерството за одбрана, составот на Комисијата за избор, начинот на работа на Комисијата за избор, составување на ранг листи, бодување и избор на прворангиран кандидат, во прилог на ова известување се објавуваат ранг листи на кандидати кои поминуваат во следната фаза на постапката, односно трета фаза – интервју, како и на кандидати кои не поминуваат во следната фаза на постапката и за кои постапката е завршена.

РАНГ ЛИСТИ:

  1. Работно место бр. 1 Помлад соработник за евиденција, управување и конверзија на недвижности, категорија В, (1) извршител
  2. Работно место бр. 2 Помлад соработник за координација и реализација на меѓународни операции, мисии и вежби, категорија В, (1) извршител
  3. Работно место бр. 3 Помлад соработник за мултилатерална соработка, категорија В, (1) извршител
  4. Работно место бр. 4 Помлад соработник за техничка поддршка, категорија В, (2) извршители
  5. Работно место бр. 5 Помлад соработник за  спроведување на план за работа на Овластени одбори за вработување и унапредување во Министерството за одбрана и развој на соработка со други институции, категорија В, (1) извршител
  6. Работно место бр. 6 Помлад соработник за административно управување со човечки ресурси, категорија В, (1) извршител
  7. Работно место бр. 7 Помлад соработник за водење воена евиденција за припадниците на резервните сили и мобилизација на Регион Прилеп, категорија В, (1) извршител
  8. Работно место бр. 8 Помлад соработник за подготовки во одбраната во подрачна канцеларија Крушево, категорија В, (1) извршител
  9. Работно место бр. 9 Помлад соработник за платен промет, категорија В, (1) извршител
  10. Работно место бр. 10 Помлад соработник за финансиско работење, категорија В, (2) извршители
  11. Работно место бр. 11 Помлад соработник за грижа за настани од комерцијален карактер, категорија В, (1) извршител
  12. Работно место бр. 12 Помлад соработник за регионална соработка, категорија В, (1) извршител
  13. Работно место бр. 13 Помлад соработник за правна поддршка, категорија В, (1) извршител
  14. Работно место бр. 14 Помлад соработник за развој и координација на човечки ресурси и развој на соработка со други институции, категорија В, (1) извршител
  15. Работно место бр. 15 Помлад соработник за водење воена евиденција за припадниците на резервните сили и мобилизација на Регион Штип, категорија В, (1) извршител
  16. Работно место бр. 16 Помлад соработник за административно техничка поддршка за постапување по јавни набавки, категорија В, (1) извршител
  17. Работно место бр. 17 Помлад соработник за подготовки во одбраната во подрачна канцеларија Кичево, категорија В, (1) извршител
  18. Работно место бр. 18 Помлад соработник за поддршка на компании при настап на НАТО пазарот, категорија В, (1) извршител
  19. Работно место бр. 19 Помлад соработник за меѓународни регулативи и меѓународно право, категорија В, (1) извршител
  20. Работно место бр. 20 Помлад соработник – проектант за развој на информациски системи, категорија В, (1) извршител
  21. Работно место бр. 21 Помлад соработник за управување со комуникации, категорија В, (1) извршител
  22. Работно место бр. 22 Помлад соработник за должничко доверителски односи, категорија В, (1) извршител
  23. Работно место бр. 23 Помлад соработник за правни прашања, категорија В, (1) извршител
  24. Работно место бр. 24 Референт за комуникации, категорија Г, (2) извршители
  25. Работно место бр. 25 Референт - ракувач на МТС, категорија Г, (1) извршител
  26. Работно место бр. 26 Референт за административно-технички работи, категорија Г, (1) извршител
  27. Работно место бр. 27 Референт, категорија Г, (1) извршител
  28. Работно место бр. 28 Референт за административно - техничка поддршка на работата на Секторите и Директоратот, категорија Г, (2) извршители
  29. Работно место бр. 29 Референт за архивско работење, архивар и деловодител за водење на деловодни протоколи со сите степени на класификација, категорија Г, (1) извршител
  30. Работно место бр. 30 Референт за административно-технички работи, категорија Г, (1) извршител
  31. Работно место бр. 31 Референт за КЗ, категорија Г, (1) извршител

За кандидатите кои поминуваат во третата фаза, интервјуто ќе се спроведе на 13.05.2026 година со почеток од 09.00 часот во просториите на Министерството за одбрана, 3 кат, канцеларија 319 (ул. Орце Николов бр.116, Скопје).

Се замолуваат кандидатите да дојдат 15 минути порано пред закажаниот термин и со себе да понесат важечки документ за идентификација (лична карта или патна исправа) и доделениот идентификациски код.

Неприсуството на интервјуто ќе се смета за повлекување од постапката за селекција и избор по Јавниот оглас број 1/2026 за вработување на 35 (триесет и пет) лица во Министерството за одбрана.

Со почит,

Министерство за одбрана

Мени за пристапност