Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменикот министер Шабани на средба со делегација од САД: остануваме силно посветени на трансатлантската врска која ја гарантира нашата колективна безбедност

Заменикот министер Шабани на средба со делегација од САД: остануваме силно посветени на трансатлантската врска која ја гарантира нашата колективна безбедност

Заменикот министер за одбрана Адмир Шабани, денеска (09 септември) во Клубот на пратеници се сретна со делегација од американскиот Конгрес и Атлантскиот совет која престојува во дводневна студиска посета на нашата земја.

На средбата со членовите на стручните служби на американскиот Конгрес и претставниците на Атлантскиот совет, заменикот министер истакна дека земјава континуирано покажува силна посветеност кон активностите за јакнење на колективната одбрана. Шабани порача дека „еден неоспорен доказ за македонскиот придонес кон посилна колективна одбрана е одвојувањето на над 4 проценти од БДП за одбраната  активности и проекти поврзани со одбраната оваа година“ што е исклучително постигнување во многу краток рок.

Заменикот – министер се осврна и на процесот на модернизација, кој тече согласно плановите. „Армијата во својот арсенал веќе ги поседува сите предвидени лесни оклопни возила JLTV, како и оклопните возила Stryker – опрема која е од американско производство и со која ја зајакнавме борбената готовност на Армијата, но и безбедноста на цела Алијанса“, истакна тој.

Во рамки на средбата се разговараше за главните развојни правци на одбраната и на Армијата, а стана збор и за моменталните геополитички случувања и нивното влијание врз безбедноста на регионот.

Средбата се организира во рамките на иницијативата „Balkans Forward“ на Европскиот центар на Атлантскиот совет во чии рамки членовите на Сенатот и Претставничкиот дом на САД одблизу се запознаваат со активностите во земјите од регионот во доменот на одбраната и безбедноста, како начин за континуиран развој на соработката со Соединетите Американски Држави.

Мени за пристапност