Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерката за одбрана Елфет Исмаили на средба со амбасадорот на Косово Н.Е. Флориан Ќехаја

Заменик министерката за одбрана Елфет Исмаили на средба со амбасадорот на Косово Н.Е. Флориан Ќехаја

Денеска во Министерството за одбрана, заменик министерката за одбрана Елфет Исмаили го пречека амбасадорот на Република Косово Н.Е. Флоријан Ќехаја и конзулот Џеват Подворица.

На оваа пријателска и продуктивна средба разговаравме за потребата од интензивирање на активностите и натамошно продлабочување на соработката и односите меѓу двете држави, министерства и сили во функција на заедничките интереси и во функција на мирот, стабилноста и регионална безбедност.

Амбасадорот Ќехаја изрази благодарност за придонесот на македонската Армија во рамките на КФОР

Мени за пристапност