Во рамки на свеченоста по повод одбележувањето на 25-годишнината од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа SEEBRIG, заменик министерката Елфет Исмаили оствари средба со државната секретарка на Министерството за одбрана на Романија, воедно и председавач на иницијативата на министри за одбрана – SEDM, Симона Којоцару.
Во текот на разговорот, беше истакнатa подготвеност за проширување на билатералната одбранбена соработката меѓу двете земји.
Државната секретарка Којоцару, лично и во име на својата држава, изрази благодарност за учеството на нашите армиски сили во операцијата на НАТО „Активности на зголемена будност“ за заштита на источното крило на Алијансата, стационирани во Романија.