Денеска во Министерството за одбрана заменик министерката Елфет Исмаили оствари средба со командантот на Бригадата на Југоисточна Европа, бригадниот генерал Билбил Битри, на која се разговараше за мисијата и активностите на Бригадата.
Заменик министерката Исмаили упати честитки до генералот за успешното работење на командатата на SEEBRIG, чие седиште во периодот 2020-2026 е во Република Северна Македонија и потенцира дека секој успех на SEEBRIG e заеднички испех на сите земји членки.
Генералот Битри изрази благодарност за средбата и за посветеноста на институциите во поддршка на бригадата и изврши брифинг за должностите и придонесот на оваа бригада.