Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Мисајловски со генералот Стабс

Средба на министерот Мисајловски со генералот Стабс

Министерот Владо Мисајловски работната посета на САД ја заокружи со средба со шефот на Бирото за Националната Гарда на САД, генерал потполковник Џонатан Стабс.

На средбата на која присуствуаа началникот на Генераштабот на Армијата, генерал мајор Сашко Лафчиски и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, уште еднаш беше потврдено тридецениското партнерство помеѓу Армијата и Националната гарда на Вермонт.

Tема на разговор беше продлабочување на партнерството и соработката во насока на модернизација на македонската Армија и обука на припадниците на Армијата.

Неколкудневната работна посета на САД, на министерот Мисајловски и македонската делегација беше по повод Годишните билатерални одбранбени консултации со високи претставници во Пентагон.

Мени за пристапност