Денеска во Министерството за одбрана министерот Владо Мисајловски оствари средба со нерезидентната амбасадорка на Израел, Н.Е Симона Франкел.
На средбата двете страни разговараа за можностите за продлабочување и унапредување на билатералната одбранбена соработка помеѓу двете земји како и за севкупните односи кои се пријателски и силни.
На средбата беше заклучено дека двете земји остануваат посветени на соработката во областите кои се од заеднички интерес.