Денеска во министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Сирил Бомгартнер.
На средбата во фокусот на разговорот беше сојузништвото во рамките на НАТО, заедничкиот придонес кон целокупната политичка и безбедносна стабилност на регионот и обезбедувањето на одбранбениот Буџет согласно заклучоците на НАТО.
„Остануваме посветени на продлабочување на сојузничката одбранбена соработка со Франција која е наш сојузник и долгогодишен партнер, пред се во доменот на стратешки консултации во одбраната, затоа што модернизацијата и опремувањето на Армијата е наш највисок приоритет“, рече министерот Мисајловски.
Францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер истакна дека одлична билатерална одбранбена соработка во одбраната, военото образование и јазична обука ќе продолжи и понатаму и ја потенцира француската поддршка за членство на нашата земја во Европската Унија.
На средбата министерот Мисајловски го информираше амбасадорот Бомгартнер за актуелната кризна состојба во однос на повеќето од 30 активни пожари и за помошта која доаѓа од соседните земји.