Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Мисајловски – Бејер

Средба Мисајловски – Бејер

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со Питер Бејер, германски пратеник во Бундестагот.

 На средбата се разговараше за долгогодишната билатерална соработка меѓу двете земји и за иницијативите за продлабочување на соработката во повеќе области.

 Мисајловски изрази благодарност на Германија за досегашната силна поддршка во евроинтегративните процеси и истакна дека интеграцијата на нашата земја во Европската Унија е највисок државен приоритет.

Мени за пристапност