Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Со свечена церемонија одбележана осум годишнината од отворањето на Командата на Балканските медицински наменски сили со седиште во Скопје

Со свечена церемонија одбележана осум годишнината од отворањето на Командата на Балканските медицински наменски сили со седиште во Скопје

Денеска во касарната Илинден во Скопје, се одржа свеченост по повод одбележувањето на осум годишнината од отворањето на Командата на Балканските медицински наменски сили – BMTF, со постојано седиште во Скопје, на која присуствуваа заменик началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Азим Нуредин, државниот секретар во Министерството за одбрана Елизабета Чуповска Ристова, претставници од министерството и Генералштабот, амбасадори и одбранбени аташеи од земјите членки на оваа регионална иницијатива. Северна Македонија претседава со Управниот одбор на оваа организација и во тоа својство на денешната свеченост се обрати државниот секретар Чуповска Ристова, која потенцира дека регионалната соработка е најважната алатка за одржување и развој на меѓусебните односи и дека оваа Иницијатива е успешна приказна.
„Со заедничка волја и посветеност ја изградивме оваа респектабилна меѓународна организација, обединувајќи ги земјите од регионот. BMTF воспостави нови стандарди не само на Балканот туку и пошироко“, рече Чуповска Ристова и додаде дека „Успехот на BMTF и неговите проширени активности не обединуваат и не прават посилни“.

 

На свеченоста свое обраќање имаше и командантот на BMTF, полковник Вељко Милиќ кој пред присутните истакна дека од самите почетоци на соработка и воспоставувањето на Командата, огромна помош за развојот на оваа Иницијатива е по заслуга и на земјите партнери на BMTF, Кралството Норвешка и Соединетите Американски Држави, а од неодамна и Европската Унија со алоцирање на 6 милиони евра за подобрување на медицински капацитети.
Тој додаде дека целта на оваа организација е да му помогне на цивилното население во случај на природни и катастрофи предизвикани од човекот и воедно да се достигнат стандардите на НАТО, ЕУ и ОН за да се воспостави интероперативност на воено медицинските служби на земјите од Западен Балкан.
Иницијативата Балканските медицински наменски сили – Balcan Medical Task Force претставува Smart Defence проект и е инициран од Норвешка САД како земји партери, и Србија и Северна Македонија како земји членки. Членки на Иницијативата се и Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора.

Мени за пристапност