Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Работилница за градење на отпорност помеѓу националните институции

Работилница за градење на отпорност помеѓу националните институции

Во периодот од 3 до 5 декември, во Домот на Армијата, се реализира работилница за градење на отпорност во организација и реализација на Министерството за одбрана и Институтот за безбедносно управување од Соединетите Американски Држави.

На оваа работилница се вклучени претставници од околу 30 државни институции кои се дел од системот за справување со кризи и катастрофи. Во рамки на активноста беше реализирана и вежба која ја тестира националната подготвеност за колективна одбрана и отпорност и овозможи вмрежување помеѓу професионалците од институциите и операторите на критичната инфраструктура.

Акцент и недвосмислена поддршка на напорите во градење на отпорноста даде и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој заедно со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амабасадорката на САД, Ангела Агелер и директорот на ЦУК, Мухамед Али, учествуваа на завршниот брифинг од работилницата.

Министерот Мисајловски во своето обраќање до учесниците истакна: „ Овие активности ни овозможуваат да ја зајакнеме меѓуинституционалната координација и да ги утврдиме следни чекори на Владата, со цел поефикасен и отпорен систем во служба на граѓаните“. Тој изрази благодарност до амбасадорката Агелер и нашите американски сојузници и стратешки партнери за континуираната поддршка и соработка во развојот на одбраната и градењето капацитети.

Реализацијата на ваков тип на работилници имаат за цел да ја зајакнат координација и национална подготвеност на институциите за справување со природни катастрофи, хибридни закани и нарушувања на критичната инфраструктура.

Мени за пристапност