Под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, припадниците на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД под диригентската палка на потполковник Горан Илијевски, вчеравечер во Македонската филхармонија го одржаа традиционалниот предновогодишен концерт.
По интонирањето на државната химна, аудиториумот во исполнетата сала имаше можност да проследи синхронизирана изведба на повеќе нумери од светски и македонски композитори.
Предновогодишниот концерт го проследија претседателката и врховен командант Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, министри во Владата, пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, претставници на дипломатскиот и воено-дипломатскиот кор акредитирани во Република Северна Македонија, активни и пензионирани генерали на Армијата, припадници на Министерството за одбрана, Генералштабот, командите на Армијата и други гости.
Концертот на воените оркестри од сојузничките земји, како и од земјите од регионот и пошироко, прерасна во проект во рамките на меѓуармиската соработка, кој традиционално се изведува неколку години во пресрет на Нова година или друг државен празник, претставувајќи го силното партнерство и трајните врски на пријателството и соработката.
Предновогодишниот концерт можете да го погледнете на овој линк.
https://www.youtube.com/live/7QGIGd1eUbk