Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Новиот заменик министер за одбрана Адмир Шабани стапи на функција

Новиот заменик министер за одбрана Адмир Шабани стапи на функција

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски му посака добредојде на новиот заменик министер за одбрана Адмир Шабани кој од денеска стапува на оваа функција.

На денешната прва работна средба, министерот Мисајловски му посака успешна работа и многу успех во извршувањето на оваа одговорна функција. На средбата се разговараше за приоритетите во наредниот период и за заедничката посветеност кон унапредување на одбранбениот систем и развојот на Армијата.

„Со заедничка работа, координација и интензивна соработка ќе продолжиме да работиме посветено на зајакнување на одбранбените капацитети и исполнување на нашите обврски кон државата и граѓаните“, рече Мисајловски.

Мени за пристапност