Министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун и програмскиот менаџер Давор Пашовски во Министерството за одбрана.
Од двете страни беше заклучено дека поскорото интегрирање во ЕУ на земјите од Западен Балкан и членството во НАТО ќе значи зајакнување на безбедноста и стабилноста на целиот регионот.
На средбата дополнително се разговараше и за можноста за соработка на теми од областа на одбраната и безбедноста, плановите за модернизација на македонската Армија, како и за актуелните безбедносни и одбранбени предизвици.