Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорката на Србија, Н.Е. Невена Јовановиќ

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорката на Србија, Н.Е. Невена Јовановиќ

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорката на Србија, Н.Е. Невена Јовановиќ и со одбранбеното аташе, полковникот Небојша Ѓорѓевиќ, на која беше изразено задоволство од развојот на билатералната одбранбена соработка.

Заедничкото партиципирање во регионалните иницијативи, СЕДМ, Балканските медицински наменски сили, Б-9 иницијативата на началниците на Генералштаб, Центарот за безбедносна соработка – RACVIAC, се од заеднички интерес за двете земји во насока на одржување и зајакнување на регионалната стабилност и безбедност која е од приоритетно значење, беше потенцирано до страна на двајцата соговорници.

На средбата се разговараше и за проширување на соработката која во моментов опфаќа школување, обука и стручно оспособување, размена на искуства во делот на цивилно воената соработка.

Министерот Мисајловски упати благодарност за несебичната помош од страна на Србија со упатување на тимови и воздухоплов за справување со огнената стихија, но и за помошта која изминативе години Србија ни ја дава.

Мени за пристапност