Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Мисајловски со премиерот Мицкоски и колеги од Владата на завршната вежба за развој на сајбер безбедноста на владините институции

Министерот Мисајловски со премиерот Мицкоски и колеги од Владата на завршната вежба за развој на сајбер безбедноста на владините институции

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со премиерот Христијан Мицкоски и дел од министрите во Владата и директорите на безбедносните институции денеска (29 јануари) присуствуваа на завршната вежба организирана во рамки на „Проектот за сајбер безбедност во Западниот Балкан“ која се одржа на Воената академија во Скопје. На настанот присуствуваше и амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон, како спонзор на проектот.

 

Проектот за сајбер безбедност има за цел да ги зајакне регионалните капацитети за сајбер безбедност во државите од Западниот Балкан. Тој е организиран во три модули и тоа евалуација на капацитетите на владините институции за сајбер безбедност, развој на минимум стандарди во ова поле и обука на обучувачи за организација на завршната вежба базирана на сценарио за сајбер напад на која учествуваа високите владини претставници.

 

Премиерот Мицкоски по завршувањето на симулираната вежба истакна дека сајбер заканите се реалност кои ја загрозуваат не само нашата приватност, туку и економијата, суверенитетот и националната безбедност. Владата, рече, е цврсто посветена на заштитата на нашата дигитална инфраструктура и на обезбедувањето на безбеден онлајн простор за сите наши граѓани.

 

„Владата спроведува стратегија и инвестира во најсовремени технологии за заштита од сајбер закани. Овие мерки опфаќаат зајакнување на критичната инфраструктура како и обезбедување на јавни и приватни мрежи. Потребно е да се работи на образование, едукација и подигнување на свеста. Граѓаните мора да бидат подготвени и информирани за опасностите од сајбер нападите. Оваа вежба и симулација, но и овие стандарди кои се поставуваат ги гледам како процес на зајакнување на националната соработка“, рече премиерот.

 

Мицкоски порача дека сајбер безбедноста не е само одговорност на Владата, туку дека улога во оваа борба има секој од нас – граѓаните, институциите, бизнис секторот и невладините организации. „Заедно можеме да создадеме дигитален свет кој е безбеден, стабилен и сигурен“, рече тој.

Мени за пристапност