Денес, 13 ноември 2026 година во касарната „Чојлија“ со воена свеченост се одбележа Денот на Инженерискиот баталјон на која присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорот на Генералштабот бригаден генерал Орце Јордев, командантот на Командата за операции бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командантот на Првата пешадиска бригада бригаден генерал Дејан Чиплаковски, пензионирани генерали, поранешни команданти на единицата, претставници од Армијата и Министерството за одбрана и други гости.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски, упатувајќи честитки до сите припадници на Инженерискиот баталјон по повод Денот на единицата посочи дека денешниот празник се совпаѓа со Денот на ослободување на градот Скопје, што носи силна симболика – Ослободувањето го означува почетокот на изградбата на едно ново и слободно утре, а Инженерискиот баталјон со посветеноста и професионалноста е продолжение на таа визија, во насока на изградба на посилна Армија и побезбедна држава.
„Вие, припадниците на оваа единица сте меѓу оние кои ги создаваат условите за успешна реализација на армиските задачи. Од изградба и одржување на инфраструктурата, обезбедување проодност на патните правци и поддршка на вежбовни активности, до помош на граѓаните и локалните заедници. Токму затоа, инженериската поддршка е еден од темелите на секоја функционална и подготвена Армија“.
Министерот Мисајловски ги истакна и бројните активности на оваа единица ширум општините во државата, за подобро поврзување на населените места, пробивање, поправка и одржување на патната инфраструктура во руралните средини со цел полесен пристап и подобри услови за живот на локалното население со што уште еднаш покажаа дека Армијата е секогаш со граѓаните и подготвена да помогне таму каде што е најпотребно.
Генералот Дејан Чиплаковски, во своето обраќање на денешната свеченост ја истакна важноста на одбележувањето на датумите кои се нашата водилка во иднинат и кои нè потсетуваат како се сака и како се брани татковината. На припадниците на Инженерискиот баталјон им порача: „Бидете горди што сте дел од единствената инженериска единица во Армијата, продолжете да работите вредно и посветено и секогаш нека ве води вашето мото – “Секогаш напред““.
Потполковникот Ласте Георгиев, командантот на Инженерискиот баталјон, со гордост ја истакна професионалноста, посветеноста и значајната улога на припадниците на единицата во поддршка на Армијата и граѓаните, осврнувајќи се на реализираните задачи, обуки и вежби во изминатата година.
„Инженерискиот баталјон не гради само патишта, туку гради доверба, сигурност и иднина. Нашата најголема сила не е само во опремата, туку пред сè во нашиот персонал, неговото знаење, срце и посветеност, а патот на инженерецот е секогаш напред!“ рече потполковник Ласте Георгиев.
о одлука на претседателот и врховен командант на Вооружените сили, за ден на Инженерискиот баталјон е одреден 13 Ноември, како датум од историско значење на кој единицата е носител на традициите на инженериската бригада на Главниот штаб на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија.