Во рамки на работната посета на Соединетите Американски Држави, во текот на вчерашниот ден, министерот Мисајловски и македонската делегација го посетија Меморијалниот центар „Арлингтон“ во Вашингтон.
Мисајловски положи венец на Гробот на незнајниот војник, оддаде почит на загинатите американски војници и подари плакета во нивна чест.
Работната посета на министерот Мисајловски и македонската делегација продолжува и денеска со Годишните Билатерални одбранбени консултации и други средби во Пентагон.