Заменик-министерката за одбрана Елфет Исмаили денеска во Охрид се сретна со унгарскиот министер за одбрана Кристоф Шалај-Бобровнички со кого разговараше за развојот на билатералната одбранбена соработка помеѓу двете земји.
Исмаили и Шалај-Бобровнички изразија посветеност за интензивирање на соработката која ќе овозможи зацврстување на капацитетите на двете сојузнички армии. Тема на разговор беше и безбедносната состојба во поширокиот регион, при што беше истакнато дека стабилноста и сигурноста на Балканот е од исклучителна важност за двете земји.
Унгарскиот министер за одбрана престојува во нашата земја како дел од посетата на владина делегација на Унгарија која ќе има заедничка средба со македонска владина делегација предводена од премиерот Мицкоски.