Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Чуповска-Ристова на средба со амбасадорката на Данска, Далер-Кардел: силно посветени на развојот на македонско-данската одбранбена соработка

Чуповска-Ристова на средба со амбасадорката на Данска, Далер-Кардел: силно посветени на развојот на македонско-данската одбранбена соработка

Државниот секретар Елизабета Чуповска-Ристова денеска (25 февруари) во Министерството за одбрана се сретна со амбасадорката на Данска акредитирана за нашата земја, Пернил Далер-Кардел со која разговараше за развојот на одбранбената соработка во духот на сојузништвото помеѓу двете земји – членки на Алијансата.

 

„Нашите две земји, како членки на Алијансата споделуваат исти цели и вредности – мир, безбедност и демократија. Нашата заедничка посветеност кон безбедноста на секоја педа НАТО територија е уште еден поттик билатералната одбранбена соработка да ја подигнеме на уште повисоко ниво“, рече Чуповска-Ристова на состанокот.

 

Од потпишувањето на Меморандумот за разбирање помеѓу двете земји во 2010 година, кој е и основа на соработката, Данска го има поддржано развојот на одбраната и Армијата со спонзорства во развојот на армискиот полигон „Криволак“, како и во доменот на информатичката технологија и школувањето на македонски офицери на Балтичкиот одбранбен колеџ.

Мени за пристапност