Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Честитка од министерот за одбрана Владо Мисајловски до македонските граѓани по повод Денот на македонската револуционерна борба

Честитка од министерот за одбрана Владо Мисајловски до македонските граѓани по повод Денот на македонската револуционерна борба

Министерот за одбрана Владо Мисајловски по повод 23. Октомври – Ден на македонската револуционерна борба упатува честитка на македонските граѓани, по повод 8. Септември, Денот на независноста.

 

Целата честитка од министерот Мисајловски до граѓаните во продолжение:

 

„Почитувани граѓани,

Денешниот ден нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината. Искрата разгорена токму на овој ден во 1893 година ја претвори македонската мисла во движење и ги постави темелите на нашата држава.

 

Патриотизмот не е само збор, туку е симбол на достоинство, храброст и единство во секојдневието и во службата, во почитта кон другите, но и во грижата за татковината.

 

23 Октомври е потсетник дека љубовта кон Македонија е трајна вредност што треба да ја чуваме, негуваме и пренесуваме на идните генерации.

 

Нека ни е честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

 

Да ни е вечна Македонија!“

Мени за пристапност