Во организација на Центарот за обука за одбрана „Д-р Џозеф Крузел“, во периодот од 25 до 27 ноември се реализираше вториот „Ориентационен курс за стабилизација и реконструкција“, наменет за вработени во Министерството за одбрана, Армијата и други органи на државната управа.
Курсот имаше за цел зајакнување на институционалните и индивидуалните капацитети за планирање, координација и ефективно учество во операции за стабилизација и реконструкција, преку унапредување на знаењата, разбирањето на комплексноста на овие процеси и улогата на различните цивилни и воени актери. На курсот се обработуваа повеќе тематски области, меѓу кои сеопфатниот пристап во операциите за стабилизација и реконструкција, улогата на НАТО, Обединетите Нации, реформата на безбедносниот сектор и други.
Курсот се реализираше од страна на националните обучувачи за стабилизација и реконструкција од Министерството за одбрана, Армијата, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и Управата за заштита на културното наследство.
На курсот учествуваа 15 претставници од Министерството за одбрана, Армијата и други институции што е поттик за меѓуинституционална соработка и заедничко разбирање на предизвиците во доменот на стабилизацијата и реконструкцијата.