Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Примопредавањето на Управниот одбор на Балканските Медицински Наменски Сили – БМНС и примопредавањето на Командата на БМНС

Примопредавањето на Управниот одбор на Балканските Медицински Наменски Сили – БМНС и примопредавањето на Командата на БМНС

Во период 18-20 јуни 2024 година, во Белград се одржа 4-та Регионалната воено-медицинска конференција, чиј фокус беа Балканските медицински наменски сили (БМНС). Во рамки на оваа конференција, беше извршено примопредавање на должностите на Командата и Претседавањето со Управниот одбор на БМНС.
Република Северна Македонија го презеде Претседавањето со Управниот одбор на БМНС, во период 2024-2026 година.
Новиот претседавач со УО нс БМНС, полковник Маријо Јуришиќ, при преземањето на должноста се обрати пред присутните, потенцирајќи дека целта за време на нашето претседавање ќе биде одржување на готовноста на БМНС и разгледување на можностите за иден придонес во мисии за чување на мирот.
За време на оваа церемонија, од страна на Командантот на БМНС на Крсте Малинковски му беше доделена сребрена плакета за долгогодишен придонес и поддршка на БМНС, а на полковникот Марјанче Спасов му беше доделена бронзена плакета за особен придонес за должноста Началник на С-1 во Командата на БМНС.

Балканските медицински наменски сили се меѓународна организација, односно воено-медицинска единица, со седиште во Скопје, чија мисија е брз одговор на катастрофи предизвикани од природни и човечки причини. Земји членки на БМНС се Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Црна Гора.
Јадрото на оваа единица е маневарска полска болница – ниво 2, чија задача е спасување на повредени при несреќи од различен тип, во чиј состав има два хируршки тима.
БМНС претставуваат пример за регонална соработка, здружување на капацитетите и унапредување на истите, преку редовно увежбување, обуки и сл.

Мени за пристапност