Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Излезе од печат списанието „Штит“ број 177

Излезе од печат списанието „Штит“ број 177

Од содржините на јулскиот број 177 на списанието „Штит“, издвојуваме:

На 24 јуни Владо Мисајловски ја презеде функцијата министер за одбрана од заменикот-министер Тирон Јајага и го одржа својот прв официјален говор пред присутните во Министерството за одбрана, во кој ги истакна најважните проекти кои планира да ги реализира во насока на развој на одбраната и Армијата.

Началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, учествуваше на 17. конференција на началниците на генералштабовите на балканските земји (Форум „Б-9“), која се одржа во Драч, Република Албанија.

Со воена свеченост, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, припадниците на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) од составот на Командата за операции (КО) го одбележаа 10 јуни – Денот на единицата.

Учествуво на одделение од составот на Баталјонот на Воена полиција на тактичка вежба „Platinum Wolf 24“ во Р. Србија.

Ќе прочитате за активностите на Ренџерите од борбено извидувачката чета, за припадниците на Баталјонот за специјални сили и за припадниците на Извидувачкиот вод и на Снајперското одделение од 2. пешадиски баталјон, заедно со дел од припадниците на Четата за воено разузнавање и со Инженерискиот баталјон

Во рубриката „На прва линија“ можете да прочитате за климатските промени како безбедносна закана и како НАТО планира да се справува со безбедносните предизвици произлезени од климатските промени.

Во рубриката „Глобал“ прочитајте повеќе за односот помеѓу националната и приватната безбедност.

Колку се релевантни мировните мисии по знамето на ООН.

Во рубриката „Воена едукација“ ќе се запознаете со начините за кариерен развој на подофицерите.

„Низ воената историја“ рубрика во која ќе ве запознаваме со Битката за Британија, како една од позначајните битки водени за време на Втората светска војна.

Ви го пренесуваме написот за сајбер-безбедноста низ призмата на Агендата за жените, мирот и безбедноста.

Од „Аеродневникот“ на Ѓорги Чачкиров, прочитајте за едрилицата „Комарец“, а во рубриката „Вооружување“ прочитајте за уште неколку видови воени воздухоплови, оружје и опрема кои се во употреба во различни држави, меѓу кои како поинтересен го издвојуваме текстот „Дум-дум куршуми: цвеќиња на злото“.

Во овој број на „Штит“ ве запознаваме со Музејот на специјалните и падобранските единици на САД.

Во рубриката „Незадолжително“ пишуваме за изложбата на фалсификувани уметнички дела во Париз и за биографиите на најпознатите светски фалсификатори.

Ве запознаваме со уште еден врвен сликар кој се инспирирал од воени активности.

Мени за пристапност