Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јакнење на менаџерските вештини во одбраната – реализирана обука за раководни службеници во Министерството

Јакнење на менаџерските вештини во одбраната – реализирана обука за раководни службеници во Министерството

На 2 септември 2025 година во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“ беше реализиран вториот модул од „Обуката за раководни службеници во Министерството за одбрана – „Реформи во јавниот сектор и должности на државните службеници“ чија цел е развој на потребни знаења и вештини за успешно менаџирање на предизвиците и потребите на реформи во јавниот и одбранбениот сектор.

 

Државниот секретар во Министерството, Елизабета Чуповска Ристова ја истакна важноста на ваквиот вид на обуки за развојот на институционалните капацитети. Таа ја нагласи посветеноста на Министерството за одбрана кон континуираниот професионален развој на вработените и порача дека унапредувањето и инвестирањето во човечкиот потенцијал претставува основа за модернизација и зајакнување на системот на одбраната.

Обуката беше организирана од страна на Секторот за образование и обука во Директоратот за управување со човечки ресурси, образование и обука во соработка со експерти од Министерството за одбрана на Кралството Норвешка.

Учесниците на семинарот преку размена на искуства и студии на случај, имаа можност да се запознаат и се стекнат со дополнителни знаења и вештини поврзани со обврските на државните службеници и усогласувањето меѓу нив.

Мени за пристапност