Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Излезе од печат списанието „Штит“ број 178

Излезе од печат списанието „Штит“ број 178

Од содржините на „Штит“ број 178, издвојуваме:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на почетокот на јули ја оствари својата прва официјална посета на Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, при што оствари средби со министерот за одбрана Владо Мисајловски, со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, како и со генералите во Армијата и со раководните лица во Министерството.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски, како дел од Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, учествуваше на Самитот на НАТО, кој се одржа во Вашингтон. За време на престојот во САД, министерот Мисајловски, заедно со останатите членови на македонската делегација остварија значајни средби со конгресмени, со претставници на тинк тенк-заедницата, како и средби со претставници на бизнис-заедницата. Покрај учеството на Состанокот на Северноатлансткиот совет, на маргините на Самитот, министерот Мисајловски, заедно со колегите од Италија, Албанија и Бугарија потпишаа Писмо на намери за воспоставување хармонизиран коридор за воена мобилност во рамки на Коридорот VIII.

Во текот на изминатиот месец, министерот за одбрана Владо Мисајловски, заедно со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, ги посетија припадниците на Баталјонот за специјални сили „Волци“ во касарната „Илинден“ во Скопје, како и Командата на операции во касарната „Боро Менков“ во Куманово, каде што остварија средби со командантот, бригадниот генерал Бесник Емини, началникот на Штабот бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски и со најодговорните офицери во Командата.

Припадниците на Извидувачкиот вод на 2. пешадиски баталјон реализизираа Обука во летни услови. Во текот на месец јули припадниците на Армијата активно се вклучија во справувањето со бројните пожари кои ја зафатија нашата држава.

Во рубриката „На прва линија“ прочитајте ја анализата од професор доктор Ненад Танески за подемот на тероризмот во Северен Кавказ.

Во рубриката „Глобал“ во овој број на „Штит“ можете да го прочитате написот од д-р Игор Ѓорески за енергетската безбедност и активностите на НАТО на овој план.

Во рубриката „Воена едукација“ прочитајте за повторното актуелизирање на тактиката на рововската војна, како и вториот дел од текстот за кариерен развој на подофицерите.

Во рубриката „Родови перспективи“ ве запознаваме со придонесот на украинските жени во војната во Украина.

Од „Аеродневникот“ на Ѓорги Чачкиров, прочитајте за историјатот на едрилицата „Инка“.

Во овој број на „Штит“ ве запознаваме со Музејот на воената авијација на Норвешка.

Во рубриката „Вооружување“ прочитајте за уште неколку видови воени воздухоплови, оружје и опрема кои се во употреба во различни држави. Прочитајте и за историјата на картографијата и важноста на мапите во развојот на цивилизацијата.

Во рубриката „Незадолжително“ ве запознаваме со историјатот и предвидувањата во врска со катастрофалните елементарни непогоди кои се случуваат ширум светот.

Прочитајте ја филмската критика за филмот „Еден живот“, кој се занимава со проблематиката на холокаустот и спасувањето на Евреите од нацистичкиот прогон.

Мени за пристапност