Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување за реализиран инспекциски надзор во период април – јуни 2024 година

Согласно член 166-г од Законот за одбрана (,,Службен весник на РСМ бр.42/01,05/03, 8/06, 110/08, 51/11, 151/11, 185/11, 215/15 и 42/20), Министерството за одбрана има обврска да изготви и достави квартален извештај, кој се објавува на интернет страницата на министерството.

Секторот за инспекција во одбраната, Ве известува дека во кварталниот период Април-Јуни 2024 година, реализира вкупно 9 (девет) инспекциски надзори согласно Годишната програма за инспекциски надзор за 2024 година.

Извршени се инспекциски надзори во делот на надзор над примената и спроведување на прописите од областа на одбраната во субјектите:
1. Во месец април:
– Основен суд – Кичево;
– Основно јавно обвинителство – Кичево;
– Баталјон за логистичка поддршка
2. Во месец мај:
– Основен суд – Крива Паланка;
– Основно јавно обвинителство – Крива Паланка;
-Одбранбено аташе во Берлин СР Германија;
-2. пешадиски баталјон.
3. Во месец јуни:
– Основен суд –Кратово;
– Центар за индивидуална обука/КОД.

Мени за пристапност