Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Легислатива

Листа на документи од областа на Легислатива, при Министерство за одбрана

 

 

Уредба со законска сила за утврдување на задачите на Армијата на Република Северна Македонија за време на траењето на вонредната состојба

Уредба со законска сила за примена на Законот за заштита и спасување за време на вонредна состојба

Уредба со законска сила за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од корона вирусот (covid – 19) за време на вонредна состојба

Закон за одбрана

  • Закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана – Сл. Весник бр. 42 од 16.02.2020 година
  • Закон за дополнување на Законот за одбрана – Сл. Весник бр. 251 од 07.12.2015 година
  • Закон за измена на Законот за одбрана – Сл. Весник бр. 151 од 31.11.2011 година
  • Закон за измена и дополнување на Законот за одбрана – Сл. Весник бр. 51 од 13.04.2011 година
  • Закон за измена и дополнување на Законот за одбрана – Сл. Весник бр. 51 од 13.04.2011 година
  • Закон за измена и дополнување на Законот за одбрана – Сл. Весник бр. 110 од 02.09.2008 година
  • Закон за измена и дополнување на Законот за одбрана – Сл. Весник бр. 58 од 11.05.2006 година
  • Закон за измена и дополнување на Законот за одбрана – Сл. Весник бр. 58 од 11.05.2006 година
  • Одлука на Уставен суд – од 18.09.2002 година
  • Одлука на Уставен суд – од 18.09.2002 година
  • Одлука на Уставен суд – од 18.09.2002 година

Закон за вработени во Министерство за одбрана – Сл. весник бр.53 од 04.03.2024 година

Закон за служба во Армијата на Република Северна Македонија

Закон  за ратификација на Северноатлантскиот договор

Закон за Воена академија

Закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства

Закон за посебните права на учесниците во мировните операции и операциите за колективна одбрана надвор од територијата на Република Македонија и на членовите на нивните семејства

Закон за престанување на важењето на законот за правата на членовите на семејството чиј хранител е војник на служење на воениот рок

Закон за ратификација на договорот во врска со координативниот комитет во рамки на Состанокот на Министрите за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ КК)

Закон за ратификација на договорот за воен грант меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и Протоколот за спроведување на финансиска поддршка меѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за национална одбрана на Република Турција

Закон за ратификација на договорот меѓу државите-страни во северноатлантскиот договор и другите држави учеснички во партнерството за мир за статусот на нивните сили и дополнителен протокол меѓу државите страни во северноатлантскиот договор и другите држави учеснички во партнерството за мир за статусот на нивните сили

Закон за ратификација на натамошниот дополнителен протокол кон договорот меѓу државите-страни во северноатлантскиот договор и другите држави кои учествуваат во партнерството за мир за статусот на нивните сили

Закон за развој, производство и промет на воени стоки – Сл. весник бр.298 од 29.12.2021г.

Закон за класифицирани информации

Закон за работни односи

Закон за вработени во јавниот сектор

Закон за административни службеници

—–Кодекс на административните службеници

Закон за организација и работа на органите на државната управа

Закон за општа управна постапка

Закон за буџет

Закон за јавна внатрешна финансиска контрола

Закон за јавни набавки

Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер – Службен весник бр. 101 од 22 мај 2019 

Закон за заштита на укажувачи

Закон за заштита на личните податоци

Закон за заштита од вознемирување на работното место

Закон за спречувањето на корупцијата и судирот на интереси – Сл.весник бр. 12 од 19.01.2019 година

Закон за воздухопловство – Сл.весник бр. 14 од 22.01.2024 година

 

Етички кодекс на вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.pdf

РЕШЕНИЕ за формирање на Етички комитет и назначување на Повереник за етика и Заменик повереник за етика.pdf

Повереник за етика
Благица Трошанска – Сектор за инспекција во одбраната, Министерство за одбрана

Заменик повереник за етика
Сузе Илиевска – Генералштабот на Армијата

контакт е-маил:

Членови на Етички комитет:
– Елвин Ејуб – претседател (Сектор – воено воздухопловен авторитет, Министерство за одбрана)
– потполковник Весна Наумоска – заменик претседател (Генералштаб на Армијата)
– полковник Мухамед Ибрахими – член (Сектор за внатрешна ревизија, Министерство за одбрана)
– Сања Груевска Ѓеорѓиевски – член (Сектор за цивилно – воена соработка со регионални центри за одбрана, Министерство за одбрана)
– капетан Даниела Галевска Поповска – член (Генералштаб на Армијата)
– Ленче Белчовска – член (Генерал штаб на Армијата)
– Валентина Блажевска Андоновска – член (Независен синдикат на одбраната)

Предлог Закон за Критична инфраструктура линк до ЕНЕР          Проценка на влијанието на регулативата (RIA) – линк

Предлог Закон за вработени во Министерството за одбрана доставен до Собрание на Република Северна Македонија.pdf

Предлог Закон за вработени во Министерството за одбрана линк до ЕНЕР          Проценка на влијанието на регулативата (RIA) – линк

Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи:  линк до ЕНЕР          Проценка на влијанието на регулативата (RIA) – линк

Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување: линк до ЕНЕР           Проценка на влијанието на регулативата (RIA) – линк

Предлог- закон за измена и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија – линк до ЕНЕР         Проценка на влијанието на регулативата (RIA) – линк

Правилници

Уредби

Упатства

Одлука за формирање на Управен комитет за спроведување на поддршката на Република Северна Македонија како земја – домаќин, ја пружа на сојузничките вооружени сили и организации кои претстојуваат, изведуваат операции или транзитираат низ територијата на Републиката – Сл. Весник бр.59 од 12.03.2024 година

Одлука за методологијата за спроведување на подготовките за одбраната Сл. Весник бр.4 – 2013 година

Одлука за определување на видот и висината на месечните парични примања за намирување на неопходните лични потреби и патните трошоци за доаѓање на академијата и враќање дома на почетокот и крајот на секоја студиска година и при полугодишниот распуст, како и патни трошоци при упатување на пракса од академијата одобрени од деканот на академијата за време на студиите на питомците и на лицата кои се упатени на стручно оспособување и усовршување со завршен прв циклус на студии за потребите на Aрмијата. – Службен весник бр. 149 – 2009 година

—- Одлука за изменување на одлуката за определување на видот и висината на месечните парични примања за намирување на неопходните лични потреби и патните трошоци за доаѓање на академијата и враќање дома на почетокот и крајот на секоја студиска година и при полугодишниот распуст, како и патни трошоци при упатување на пракса од академијата одобрени од деканот на академијата за време на студиите на питомците и на лицата кои се упатени на стручно оспособување и усовршување со завршен прв циклус на студии за потребите на Aрмијата. – Службен весник бр. 149 – 2019 година

Одлука за востанување на Денот на АРМ – Сл. Весник бр. 36 – 1993 година

Одлука за определување на објектите и зоните од значење за одбраната – Сл. Весник бр.83 – 2003 година

—- Одлука за допoлнување на одлуката за определување на објектите и зоните од значење за одбраната бр.68 – 2016 година

Одлука за определување на опрема, стоки и услуги од одбранбен и безбедносен карактер – Сл. Весник бр.69 – 2004

Одлука за определување на зоните во кои се ограничува слободата на движењето, престојот или населувањето – Сл. Весник бр.83 – 2003

Одлука за давање согласност на определените работни места и на видот и обемот на задачите за лицата кои ќе го служат воениот рок во цивилна служба Сл. Весник бр.5 – 2003 година

—- Одлука за изменување и дополнување на одлуката за давање согласност на определените работни места и на видот и обемот на задачите за лицата кои ќе го служат воениот рок во цивилна служба Сл. Весник бр.39 – 2003 година

—- Одлука за дополнување на одлуката за давање согласност на определените работни места и на видот и обемот на задачите на лицата кои ќе го служат воениот рок во цивилна служба Сл. Весник бр.84 – 2003 година

—- Одлука за изменување и дополнување на одлуката за давање согласност на определените работни места и на видот и обемот на задачите на лицата кои ќе го служат воениот рок во цивилна служба Сл. Весник бр.9 – 2004 година

Одлука за определување на организации и установи во кои ќе се служи воен рок во цивилна служба – Сл. Весник бр.68 – 2002 година

—-Исправка на одлуката за определување на организации и установи во кои ќе се служи воен рок во цивилна служба – Сл. Весник бр.73 – 2002 година

—- Одлука за дополнување на одлуката за определување на организации и установи и противпожарни единици во кои ќе се служи воен рок во цивилна служба – Сл. Весник бр.39 – 2003 година

—- Одлука за изменување на одлуката за определување на организации и установи во кои ќе се служи воен рок во цивилна служба – Сл. Весник бр.5 – 2003 година

—- Одлука за дополнување на одлуката за определување на организации и установи во кои ќе се служи воен рок во цивилна служба Сл. Весник бр.84 – 2003

—- Одлука за изменување на одлуката за определување на организации, установи и противпожарни единици во кои ќе се служи воен рок во цивилна служба – Сл. Весник бр.9 – 2004 година

Етички кодекс на вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија

Етички кодекс за изменување и дополнување на Етичкиот кодекс на вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија – 02.03.2023 година

Методологија за процена на воена опрема

Финансии – Обрасци за материјално сметководство

Календар за јавни расправи за 2024 година

 

Календар за јавни расправи за 2023 година

Календар за јавни расправи за 2022 година

  • Јавна расправа – Закон за вработените во Министерството за одбрана – ноември 2022 г.
    • Јавна расправа по предлог Законот за вработени во МО – 26.12.2022 – Дом на Армијата
    • Покана за јавна расправа за 26.12.2022
    • Предлог текст на Предлог законот за вработени во Министерство за одбрана – 16.12.2022 г. 
    • Записник од работен состанок на поткомитетот за изработка на Закон за вработени во одбраната – Бр. 02-8038/1 од 22.11.2022 г. 
    • Записник од состанок на работна група за предлог Закон за вработени во одбраната – 26.10.2022 г. 
    • Соопштение 18.10.2022 г.
      • На 18.10.2022 година во просториите во Домот на Армијата се одржа работен состанок на работната група за Предлог- Законот за вработените во Министерството за одбрана.

        На работниот состанок кој го водеше државниот секретар на Министерството за одбрана, Владимир Анчев, учествуваа стручни лица од Министерството за одбрана, претставници од Министерствата за Финансии и Информатичко општество и администрација, како и претставници од невладиниот сектор.

        По извршената презентација за Предлог – Законот за вработените во одбраната и широката дискусија околу основите и аргументите за ново законско решение кои се засновани на Системот на национална безбедност, посебните обврски и задолженија во одбраната, обврските од членството во НАТО, беше потврдена потребата од донесување на Законот. На состанокот заради запознавање на севкупната јавност, беше договорено Министерството за одбрана да организира јавна расправа во текот на ноември 2022 година.

        Потребата од носење на овој закон е заради специфичноста на надлежностите кои ги има Министерството за одбрана и кои јасно се разликуваат од останатиот јавен сектор.

    • Информација за процесот на изработка на предлог Закон за вработените во одбраната
    • По членството на Република Северна Македонија во НАТО во Министерството за одбрана беа спроведени низа процеси за усогласување на системот на национално планирање со НАТО планирањето. Како резултат на обврските од членството во Алијансата се наметнаа и нови обврски во работењето, како и потреба од воведување на нови стандарди во работните процеси.
      Меѓу другото, беше утврдена и потребата за регулирање на статусот на вработените во одбраната, како категорија која има специфични обврски и задолженија. Ова беше потврдено и со повеќе стратешки документи од областа на одбраната: Стратешкиот Одбранбен Преглед (2018)Стратегијата за управување со човечки ресурси во Министерството за одбрана (2019), Стратегија за одбрана (2020) и Долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2019-2028 (усвоен од Владата и од Собранието со Резолуција).
      Во 2020 година беше формирана неформална Работна Група од експерти во одбраната кои подготвија детална анализа на новонастанатата состојба со членството во Алијансата, како и на новите обврски за вработените во одбраната. Во работата беа вклучени и независни експерти кои дадоа значаен придонес во процесот на изнаоѓање на соодветно решение. Сите вклучени во процесот ја потврдија потребата од ново законско решение кое ќе ја рефлектира специфичноста на обврските и задолженијата на вработените во одбраната и ќе овозможи непречено функционирање на одбраната во целост. Спецификата која произлегува од посебните безбедносни критериуми кои треба да се исполнат, комбинираната структура составена од цивилен и униформиран персонал, потребата од учество во меѓународни вежби и операции за цивилниот персонал во одбраната, побарува соодветно законско решение, поинакво од постоечкото.
      Во таа насока, се изработи предлог Закон за вработените во одбраната, со кој се нудат решенија за надминување на предизвиците при имплементација на Законот за административни службеници, а согласно обврските кои произлегуваат од членството во Алијансата.
      Како основи за донесување на предложеното законско решение (Закон за вработените во Министерство за одбрана) се: Стратешкиот Одбранбен Преглед (СОП) 2018, Стратегија за одбрана (2020), Долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2019-2028Стратегијата за управување со човечки ресурси во министерството и Заклучок на Влада (63-седница) од 20 јули 2022 година.
      Воедно, Законот беше ставен на ЕНЕР во февруари 2022 година, а забелешките во насока на подобрување на текстот беа имплементирани во неговата содржина.
      Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, земајќи ја предвид направената анализа и дадените препораки во дотогашниот процес, формираше Работна група составена од експерти од Министерството за одбрана, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за финасии и претставници од невладиниот сектор. Работната група организираше низа состаноци и консултација со странски сојузници и партнери со цел донесување решение согласно праксата и стандардите на НАТО земјите членки.
      На состанокот на работната група одржан на 18.10.2022 година беше донесен заклучок да се организира јавна расправа за предлог Законот, со цел сите инволвирани страни да добијат можност да дадат забелешки и препораки, за финално утврдување на текстот на Законот. – Соопштение 18.10.2022
      Како следен чекор, по јавната расправа, Министерството за одбрана ќе го достави предлог Законот на разгледување од страна на Владата на Република Северна Македонија, до крајот на 2022 година.
  • Јавна расправа – Закон за критична инфраструктура – декември 2022 г.
    • Информација за процесот на изработка на предлог Закон за критична инфраструктура

      Покана за јавна расправа – 21 декември 2022 година

      АГЕНДА за јавната расправа за Предлог Законот за критична инфраструктура – 21 декември 2022 година

      Предлог Законот за критична инфраструктура
      Записник од Јавна расправа по предлог Законот за критична инфраструктура

      Информација за критична инфраструктура

      Модерните општества се високо комплексни со интегрирани и меѓузависни сектори и витални служби. Тие се потпираат на поддршката што им ја обезбедува критичната инфраструктура за да функционираат, да имаат проток во достава на добра, стоки и услуги.
      Критичната инфраструктура е клучна за опстанокот и развојот на државата. Секоја импровизација во сферата на заштитата и безбедноста на критичната инфраструктура која ќе се манифестира низ ненавремена, недоволна и несоодветна заштита ќе ја наруши безбедноста и отпорноста на истата и ќе претставува реална пречка за нормално функционирање на општеството и реална закана за националната, регионалната и европската безбедност. Оттука, неопходно е да се подигне свесноста за соодветно разбирање на значењето на критичната инфраструктура во рамки на стратешкиот менаџмент (управување) со државата и нејзините институции. Всушност, речиси е невозможно да се развие функционален систем на заштита на критичната инфраструктура ако носителите (актерите и учесниците) во тој систем не се свесни за нејзината критичност за виталните општествени функции.
      Критичната инфраструктура вклучува средства, системи, објекти, мрежи и други елементи на кои општеството се потпира во одржување на националната безбедност, економската виталност и јавното здравје и сигурност. Критична инфраструктура е онаа чие прекинување или нарушување влијае на клучните општествени животни линии на функционирање, а тоа пак има негативни импликации врз здравјето и животите на луѓето, имотот, животната средина, безбедноста на граѓанинот, транспортот, снабдувањето со вода и храна, енергијата, екологијата, комуникациите.
      Планирањето, организирањето и спроведувањето на заштитата на критичната инфраструктура и обезбедувањето на максимален степен на безбедност е клучен приоритет. Денеска соочени сме со широк спектар на закани и безбедносни предизвици од различна природа со различен степен на интензитет и различни носители кои директно или индиректно ја загрозуваат критичната инфраструктура во Република Северна Македонија.
      Од тие причини потребно е да се креира проактивен и превентивен систем на заштита на критичната инфраструктура со цел елиминирање на последиците или нивно намалување и овозможување на понатамошно функционирање на критичната инфраструктура и во услови на директни и индиректни опасности со што ќе го подигнеме нивото на отпорност на општеството што во суштина е и главната цел и приоритет.
      Во рамки на поддршка на владината реформска агенда во процесот на пристапување и усогласување на националните правни акти со правото на Европската Унија (ЕУ) и понатамошно градење на капацитетите за успешно спроведување на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА), Министерството за одбрана (МО) во соработка со Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и странска и домашна експертиза во последниот квартал од 2021 година отпочна со подготовки за регулирање на обврските кои се однесуваат на уредување и заштита на критичната инфраструктура.
      Имајќи предвид дека областа на критична инфраструктура побарува меѓусекторска соработка, неопходно е вклучување на повеќе министерства, регулаторни агенции и субјекти директни носители сопственици или управители на објекти од критична инфраструктура. Оттука произлегува и потребата да се уреди и регулира и координацијата преку централно национално тело (агенција) за управување со критична инфраструктура, распределба на области/сектори со утврдени надлежности, определени офицери за врска и комуникација, планови за следење на спроведување/зајакнување на отпорноста и заштитата на критичната инфраструктура и многу други прашања. Сложеноста произлегува и од поврзаноста и меѓузависноста на инфраструктурните елементи и сектори со што загубата од една или друга општествена линија на функционирање има непосредно или директно влијание и на операциите и мисиите и на други сектори. Поврзаноста и меѓузависноста ја наметнува потребата од дополнително асоцирање и поврзаност на владините агенции и ја нагласува неопходноста од планирање, координација и надзор над надлежностите и одговорностите.
      Токму затоа паралелно со потребата за подигнување на разбирањето за комплексноста, меѓузависноста и ранливоста на инфраструктурните системи со приоретизирање на напорите за градење на отпорност, неопходно е да се воспостави мулти-секторска структура за владеење и управување со отпорноста на системот на критична инфраструктура. Особено е важно да се воспостави дијалог и доверба помеѓу Владата и учесниците/операторите на критичната инфраструктура, но и партнерски однос во поделбата на одговорноста помеѓу јавниот и приватниот сектор, бидејќи добар дел од критичната инфраструктура е во приватна сопственост и се користи од приватните сопственици, а е мошне важна за функционирање на државата и создавање на високо ниво на отпорност на општеството.
      Кога за критичната инфраструктура се зборува во контекст на апроксимацијата кон ЕУ, значењето на областа произлегува и од самото тоа што е опфатена и во голем број поглавја на acquis-от, особено поглавјата 3.24 Правда слобода и безбедност 3.10 Информатичко општество и медиуми и 3.31 Надворешна безбедносна и одбранбена политика. Оттука, нејзиното навремено уредување и регулирање е и тоа како значајно во процесот на апроксимација.
      Согласно Националната програма за усвојување на правото на европската унија (НПАА 2021-2025), усвоена од Владата на 29.06.2021 година, предвидено е во рамки на усогласување на регулативата по однос на критичната инфраструктура донесување на Закон за заштита на критична инфраструктура.
      Потребата од усогласување на националното законодавство со Директивата 2008/114/ЕЗ произлегува и од Регионална оценска мисија за борба против тероризам (БПТ) и превенција и спречување на насилен екстремизам (П/СНЕ)спроведена во ноември 2018 година во Скопје, која меѓу другото вклучува препораки за:
      ● имплементација на Директивата 2008/114/ЕЗ на Советот за идентификација и назначување на критичните инфраструктури и проценка на потребата од подобрување на нивната заштита и развој на низа обврски и активности од страна на државата;
      ● формирање на Национален центар за заштита на критична инфраструктура (НЦКИ) за да се обезбеди повеќе агенциски пристап за сеопфатен систем за заштита на критичната инфраструктура; и
      ● оптимизација на јавната и приватната координација и соработка преку надлежните тела за зајакнување и подобрување на плановите за заштита на критичните инфраструктури од терористички напади.
      За таа цел потребно е уредување и на институционалните и координативните надлежности за реализација на задачите кои произлегуваат од областа на критичната инфраструктура.
      Со оглед дека Министерството за одбрана поседува експертиза во рамки на седумте основни критериуми за отпорност во НАТО контекст, а согласно предлозите нотирани во Интегрираниот извештај за државна реорганизација според проектот EuropeAid/139876/DH/SER/MK односно Договорот за обезбедување услуги, број IPA/2019/410-262 со кои се предвидува интегрирање на повеќе дирекции и центри утврдено е, улогата на координација во процесот на изработка на Законот за критична инфраструктура да ја превземе Министерството за одбрана.
      Министерството за одбрана, како носител на активноста за изработка на Законот за критична инфраструктура, согласно значењето на областа и потребата од регулирање на критичната инфраструктура како дел од напорите за регулирање на оваа материја во соработка со СЕП утврди агенда на активности и постапка за изготвување на Предлог-текстот на Законот, временска рамка за определување на работно тело во рамки на институцијата, утврдување на меѓу-ресорска/меѓу-институционална секторска работна група и утврдување на извршна надлежност во рамки на Владата на Република Северна Македонија.
      Министерството за одбрана, како носител на активноста за изработка на Предлог-текстот на Законот, во соработка со СЕП, од почетокот на декември 2021 година презеде низа подготвителни активности за реализација на предметната активност преку Проектот „Нордиска поддршка за напредок на Република Северна Македонија“ кој се реализира преку UNOPS (Канцеларијата на ОН за проектни услуги).
      Во јануари 2022 година, во МО се формираше работна група за изработка на Предлог-текстот на Законот, која на почетокот на месец мај се зајакна со неколку домашни експерти од областа од МО и Армијата и во фазата кога ќе се процени дека има кредибилен нацрт-текст, планира транспарентно и инклузивно да ги вклучува веќе препознаените експерти од македонската академска заедница кои имаат долгогодишно искуство во оваа област како и сите други субјекти и носители кои имаат или би имале надлежности во однос на јакнење на отпорноста и заштитата на критичната инфраструктура.
      Во рамките на следните чекори и водени од принципот на сеопфатност во рамки на регулирање на областа на критична инфраструктура во МО беше разгледана комплементарноста на новата предлог директива на ЕУ по однос на отпорност на критичните ентитети (CER), COM(2020)829 final, како и НАТО седумте основни барања (Seven baseline requirements – PO(2022)0212) особено во контекст на воспоставување на целите за национална отпорност.

Мени за пристапност