Институција која огласува: Mинистерство за одбрана
Рок на пријавување: 24/12/2025
Врз основа на член 2 став (2), член 4 став (6), член 30, член 38 и член 39 од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15, 71/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 275/19, 14/20, 171/22, 65/23, 14/24 и 30/24), а согласно потребите на службата, Mинистерството за одбрана распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
за прием на цивилен персонал на служба во Армијата на
Република Северна Македонија
1. Се распишува јавен оглас за прием на цивилен персонал на служба во Армијата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст „Армијата“) на неопределено време и тоа:
– Рентгенотехнолог, 1 (еден) извршител за работа во Скопје;
– Советник – проектант за развој на информациски системи, 1 (еден) извршител за работа во Скопје;
– Советник за правна поддршка, 1 (еден) извршител за работа во Скопје;
– Советник за грижа за вработените и членовите на нивните семејства, 1 (еден) извршител за работа во Скопје;
– Советник за координација на активностите за имплементација на НАТО цели на способности за стабилизација и реконструкција, 1 (еден) извршител за работа во Скопје;
– Советник за планирање на персонал и развој на персонална политика, 1 (еден) извршител за работа во Скопје;
– Виш соработник за планирање на персонал и развој на персонална политика, 1 (еден) извршител за работа во Скопје;
– Виш соработник за регулирање на права од работен однос и стручно административна поддршка, 1 (еден) извршител за работа во Скопје;
– Виш соработник-ревизор на обука, 1 (еден) извршител за работа во Скопје;
– Помлад соработник за финансиско планирање, буџетирање и анализа на човечки ресурси, 1 (еден) извршител за работа во Скопје;
– Помлад соработник за регионална и мултилатерална соработка во областа на образованието и обуката, 2 (двајца) извршители за работа во Скопје;
– Самостоен референт за административно технички работи, 1 (еден) извршител за работа во Скопје;
– Самостоен референт за материјално – технички средства – ракувач, 1 (еден) извршител за работа во Скопје и
– Референт, 1 (еден) извршител за работа во Скопје.
2. На јавниот оглас може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат условите утврдени во огласот и тоа:
Општи услови (за сите работни места):
– да е државјанин на Република Северна Македонија,
– да е полнолетен,
– да има завршено високо или средно образование,
– да има општа здравствена и физичка способност и
– да не е постар од 40 години на денот на приемот на служба во Армијата.
Посебни услови:
– за работно место – Рентгенотехнолог – да има завршено високо образование од научно подрачје Медицински и здравствени науки од област радиологија, со или без работно искуство;
– за работно место Советник – проектант за развој на информациски системи – да има завршено високо образование, најмалку 3 години работно искуство во струката;
– за работно место Советник за правна поддршка – да има завршено високо образование од научно подрачје Општествени науки – Право, најмалку 3 години работно искуство во струката;
– за работно место Советник за грижа за вработените и членовите на нивните семејства – да има завршено високо образование, најмалку 3 години работно искуство во струката;
– за работно место Советник за координација на активностите за имплементација на НАТО цели на способности за стабилизација и реконструкција – да има завршено високо образование, најмалку 3 години работно искуство во струката;
– за работно место Советник за планирање на персонал и развој на персонална политика – да има завршено високо образование од научно подрачје Општествени науки, најмалку 3 години работно искуство во струката;
– за работно место Виш соработник за планирање на персонал и развој на персонална политика, да има завршено високо образование, најмалку 2 години работно искуство во струката;
– за работно место Виш соработник за регулирање на права од работен однос и стручно административна поддршка – да има завршено високо образование од научно подрачје Општествени науки најмалку 2 години работно искуство во струката;
– за работно место Виш соработник-ревизор на обука – да има завршено високо образование, најмалку 2 години работно искуство во струката;
– за работно место Помлад соработник за финансиско планирање, буџетирање и анализа на човечки ресурси – да има завршено високо образование, со или без работно искуство во струката;
– за работно место Помлад соработник за регионална и мултилатерална соработка во областа на образованието и обуката – да има завршено високо образование, со или без работно искуство во струката;
– за работно место Самостоен референт за административно технички работи – да има завршено вишо или средно образование, најмалку 3 години работно искуство во струката;
– за работно место Самостоен референт за материјално-технички средства – ракувач – да има завршено вишо или средно образование, најмалку 3 години работно искуство во струката и
– за работно место Референт – да има завршено вишо или средно образование, најмалку една година работно искуство во струката или без работно искуство.
3. Работното време е од 08:00 часот до 16:00 часот.
4. Нето платата, за кандидатите кои немаат работно искуство, согласно условите и критериумите пропишани во Законот за служба во Армијата на Република Македонија, ќе изнесува над 39.000,00 денари со високо образование, односно над 27.000,00 денари со средно образование со дополнителни над 13.000,00 денари трошоци за станбено обезбедување.
5. При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.
6. Министерството за одбрана ги повикува и охрабрува девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават на јавниот оглас за прием на цивилен персонал на служба во Армијата.
7. Јавниот оглас за прием на цивилен персонал на служба во Армијата ќе трае 5 (пет) дена вклучувајќи го денот на објавување, во најмалку два дневни весници од кои најмалку во еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и интернет страницата на Министерството за одбрана.
8. Кандидатите за цивилен персонал на служба во Армијата на јавниот оглас може да се пријават со поднесување на документите во просториите на Министерството за одбрана на адреса „Орце Николов“ бр. 116, Скопје.
Пријавата и прашалникот може да се преземат од интернет страната на Министерството за одбрана mod.gov.mk, во делот „ОБЈАВИ“.
9. При пријавувањето на јавниот оглас, кандидатите треба да ги приложат следните документи (во оригинал или заверена фотокопија) и податоци:
– Пријава за кандидати за цивилен персонал на служба во Армијата (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството);
– Мотивациско писмо;
– Своерачно пополнет Прашалник со изјава за морална, материјална и кривична одговорност за точноста на дадените податоци (превземи);
– Фотокопија од документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа);
– Диплома за завршено соодветно (високо или средно) образование;
– Уверение за државјанство;
– Извод од матична книга на родените;
– Уверение дека не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);
– Потврда/уверениe за поседување на општа здравствена способност издадено од медицина на труд, а кој податок се должни да го наведат во пријавата за пријавување на кандидати за цивилен персонал на служба во Армијата (не постаро од 6 месеци).
10. Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разгледување.
11. Кандидатите за цивилен персонал на служба во Армијата кои успешно ќе ја поминат административната селекција (проверка на поднесени документи), се упатуваат на здравствени прегледи во Воено медицинскиот центар, Скопје.
Со кандидатите кои успешно ќе ги поминат административната селекција и здравствените прегледи, ќе биде спроведено интервју од страна на комисија формирана од министерот за одбрана.
12. Избор на кандидати кои ги исполнуваат условите за прием на служба во Армијата врши министерот за одбрана.
13. Кандидатите за цивилен персонал кои ќе бидат примени на служба во Армијата и повикани во Министерството за одбрана за потпишување на договор за работа со себе дополнително да ги достават следните документи:
– важечка лична карта и 2 (две) фотокопии од лична карта на кои треба да биде напишана општината во која се со место на живеење и
– трансакциска сметка.
14. Со избраните кандидати, министерот за одбрана или од него овластено лице склучува договор за работа.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА