Институција која огласува: Министерство за одбрана
Рок на пријавување: 09/11/2026
Врз основа на член 2 став (2), член 4 став (6), член 30, член 38 и член 39 од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15, 71/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 275/19, 14/20, 171/22, 65/23, 14/24 и 30/24), а согласно потребите на службата, Mинистерството за одбрана распишува
ЈАВЕН ОГЛАС за прием на 4 (четири) лица како цивилен персонал на служба во Армијата на Република Северна Македонија
1.Се распишува јавен оглас за прием на 4 (четири) лица како цивилен персонал на служба во Армијата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Армијата) на неопределено време и тоа:
- Инструктор во Секција за настава, 1 (еден) извршител за работа во гарнизон Тетово;
- Помлад соработник за административно управување со човечки ресурси, 1 (еден) извршител за работа во Скопје;
- Помлад соработник за финансиско планирање, буџетирање и анализа на човечки ресурси, 1 (еден) извршител за работа во Скопје и
- Референт за печатење, умножување и средување на документи со сите степени на класификација, 1 (еден) извршител за работа во Скопје.
2.На јавниот оглас може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат условите утврдени во огласот и тоа:
Општи услови (за сите работни места):
– да е државјанин на Република Северна Македонија,
– да е полнолетен,
– да има завршено високо или средно образование,
– да има општа здравствена и физичка способност и
– да не е постар од 40 години на денот на приемот на служба во Армијата.
Посебни услови:
- за работно место - Инструктор во Секција за настава, да има завршено високо образование од научно подрачје: Хуманистички науки, научно поле: Јазици и книжевност, научна област: Англиски јазик, со или без работно искуство;
- за работно место - Помлад соработник за административно управување со човечки ресурси, да има завршено високо образование од научно подрачје: Општествени науки, со или без работно искуство;
- за работно место - Помлад соработник за финансиско планирање, буџетирање и анализа на човечки ресурси, да има завршено високо образование, со или без работно искуство и
- за работно место - Референт за печатење, умножување и средување на документи со сите степени на класификација – да има завршено вишо или средно образование, со или без работно искуство.
3. Работното време е од 08:00 часот до 16:00 часот.
4. Нето платата, за кандидатите кои немаат работно искуство, согласно условите и критериумите пропишани во Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, ќе изнесува oд 35.669,00 денари до 42.856,00 денари со високо образование (240 ЕКТС) или од 29.751,00 денари до 30.596,00 денари со високо образование (180 ЕКТС), односно од 26.678,00 денари до 27.267,00 денари со средно образование со дополнителни над 14.000,00 денари надоместок за трошоци за станбено обезбедување.
5. При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.
6. Министерството за одбрана ги повикува и охрабрува девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават на јавниот оглас за прием на цивилен персонал на служба во Армијата.
7. Јавниот оглас за прием на цивилен персонал на служба во Армијата ќе трае 5 (пет) дена вклучувајќи го денот на објавување, во најмалку два дневни весници од кои најмалку во еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и интернет страницата на Министерството за одбрана.
8. Кандидатите за цивилен персонал на служба во Армијата на јавниот оглас може да се пријават со поднесување на документите во просториите на Министерството за одбрана на адреса ул. „Орце Николов“ бр. 116, Скопје.
Пријавата и прашалникот - превземи.
9. При пријавувањето на јавниот оглас, кандидатите треба да ги приложат следните документи (во оригинал или заверена фотокопија) и податоци:
– Пријава за кандидати за цивилен персонал на служба во Армијата (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството);
– Мотивациско писмо;
– Своерачно пополнет Прашалник со изјава за морална, материјална и кривична одговорност за точноста на дадените податоци (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството);
– Фотокопија од документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа);
– Диплома за завршено соодветно (високо или средно) образование;
– Уверение за државјанство;
– Извод од матична книга на родените;
– Потврда/уверениe за поседување на општа здравствена способност издадено од медицина на труд, а кој податок се должни да го наведат во пријавата за пријавување на кандидати за цивилен персонал на служба во Армијата (не постаро од 6 месеци) и
- Доказ за работно искуство (листинг од Фонд на ПИОСМ или историјат од Агенција за вработување).
10. Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разгледување.
11. Кандидатите за цивилен персонал на служба во Армијата кои успешно ќе ја поминат административната селекција (проверка на поднесени документи), се упатуваат на здравствени прегледи во Воено медицинскиот центар, Скопје.
Со кандидатите кои успешно ќе ги поминат административната селекција и здравствените прегледи, ќе биде спроведено интервју од страна на комисија формирана од министерот за одбрана.
12. Избор на кандидати кои ги исполнуваат условите за прием на служба во Армијата врши министерот за одбрана.
13. Кандидатите за цивилен персонал кои ќе бидат примени на служба во Армијата и повикани во Министерството за одбрана за потпишување на договор за работа со себе дополнително да ги достават следните документи:
- Уверение дека не е изречена мерка на безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);
- Уверение дека не се осудувани за кривични дела за кои е предвидена казна затвор од најмалку шест месеци за кривично дело во врска со службената должност, или за друго кривично дело што го прави недостоен за претставување на Републиката;
– важечка лична карта и 2 (две) фотокопии од лична карта на кои треба да биде напишана општината во која се со место на живеење и
– трансакциска сметка.
14. Со избраните кандидати, министерот за одбрана или од него овластено лице склучува договор за работа.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА