Институција која огласува: Министерство за одбрана
Рок на пријавување: 21/12/2025
Почитувани граѓани,
На следниве линкови може да ги преземете потребните документи и материјали кои се наведени во самиот Јавен оглас:
- Пријава за вработување;
- Изјава/согласност за обработка на лични податоци
- Изјава за веродостојност на податоците за вработувањето
Материјали за подготовка за полагање на писмениот испит (ФАЗА 2).
- Закон за одбрана
- Закон за вработени во Министерство за одбрана
- Закон за класифицирани информации
- Етички кодекс на вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија
Врз основа на член 35, член 36 и член 37 од Законот за вработените во Министерство за одбрана („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.53/24), а во врска со член 22 став (1) точка 1 и став (4) и член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 34/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23) и Правилникот за начинот на поднесување пријава за вработување во Министерството за одбрана, составот на Комисијата за избор, начинот на работа на Комисијата за избор, составување на ранг листи, бодување и избор на прворангиран кандидат („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.247/24), Министерството за одбрана објавува
Ј А В Е Н О Г Л А С Б Р О Ј 4/2025
за вработување на 4 (четири) лица во Министерството за одбрана
на Република Северна Македонија
Министерството за одбрана објавува јавен оглас за вработување на 4 (четири) лица на неопределено време за следните работни места:
1. ОДБ0210В04000 Помлад соработник за грижа за настани од комерцијален карактер, категорија В, (1) извршител
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да е полнолетен,
- користење на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо,
- да е здравствено и психофизички способен и
- со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Високо образование.
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
- со или без работно искуство.
Општи работни компетенции:
- решавање проблеми и одлучување за работа од својот делокруг,
- професионализам,
- меѓучовечки односи,
- иницијативност,
- приспособливост и флексибилност,
- комуникација и
- работење со други/тимска работа.
Работни денови:
– од понеделник до петок;
– работни часови неделно: 40
Работно време:
– времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Износ на основна нето плата: од 36,747.00 до 38,466.00 денари.
2. ОДБ0210В04000 Помлад соработник за финансиско работење, категорија В, (1) извршител
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да е полнолетен,
- користење на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо,
- да е здравствено и психофизички способен и
- со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен –Високо образование.
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
- со или без работно искуство.
Општи работни компетенции:
- решавање проблеми и одлучување за работа од својот делокруг,
- професионализам,
- меѓучовечки односи,
- иницијативност,
- приспособливост и флексибилност,
- комуникација и
- работење со други/тимска работа.
Работни денови:
– од понеделник до петок;
– работни часови неделно: 40
Работно време:
– времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Износ на основна нето плата: од 36,747.00 до 38,466.00 денари.
3. ОДБ0210В04000 Помлад соработник за спроведување на план за работа на Овластени одбори за вработување и унапредување во Министерството за одбрана и развој на соработка со други институции, категорија В, (1) извршител
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да е полнолетен,
- користење на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо,
- да е здравствено и психофизички способен и
- со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен –Високо образование.
- aктивно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
- со или без работно искуство.
Општи работни компетенции:
- решавање проблеми и одлучување за работа од својот делокруг,
- професионализам,
- меѓучовечки односи,
- иницијативност,
- приспособливост и флексибилност,
- комуникација и
- работење со други/тимска работа.
Работни денови:
– од понеделник до петок;
– работни часови неделно: 40
Работно време:
– времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Износ на основна нето плата: од 36,747.00 до 38,466.00 денари.
4. ОДБ0210В04000 Помлад соработник за соработка и развој на спортски програми, категорија В, (1) извршител
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да е полнолетен,
- користење на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо,
- да е здравствено и психофизички способен и
- со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен –Високо образование.
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
- со или без работно искуство.
Општи работни компетенции:
- решавање проблеми и одлучување за работа од својот делокруг,
- професионализам,
- меѓучовечки односи,
- иницијативност,
- приспособливост и флексибилност,
- комуникација и
- работење со други/тимска работа.
Работни денови:
– од понеделник до петок;
– работни часови неделно: 40
Работно време:
– времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Износ на основна нето плата: од 36,747.00 до 38,466.00 денари.
Согласно одредбите од Законот за вработени во Министерството за одбрана, за пополнување на почетни нивоа по пат на јавен оглас, односно за работните места во огласот, избраните кандидати ќе подлежат на приправнички стаж во траење од шест месеци со склучување на договор. По истек на рокот од шест месеци, лицето полага приправнички испит и согласно покажаните резултати се носи решение за распоредување на неопределено време или вработувањето му престанува.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање дадени во овој оглас, а при изборот ќе се почитуваат општите начела за вработените во Министерството за одбрана утврдени со Законот за вработените во Министерството за одбрана, притоа исполнувајќи ги критериумите на стручност и компетентност.
Пријавата за вработување во Министерството за одбрана се презема и се поднесува во електронска форма преку интернет страницата на Министерството, за што на секој кандидат ќе се додели идентификациски код кој ќе се користи за следење на резултатите од фазите на постапката за вработување.
Kандидатите кон пријавата во скенирана форма приложуваат документи и тоа:
- Уверение за државјанство;
- Доказ дека не им е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност (не постар од шест месеци);
- Уверение/диплома за завршен степен на образование во зависност од условите за работното место;
- Сертификати/уверенија/дипломи за познавање на странски јазик и за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- Сертификати/уверенија/дипломи за стручни усовршувања, обуки и сл. од областа на работното место, како и надвор од областа на работното место, не постари од 5 години од денот на објавување на огласот;
- Сертификат за работа со класифицирани информации, доколку е утврдено како посебен услов за работното место и доколку го поседува кандидатот;
- Лекарско уверение од медицина на труд (не постаро од една година) и
- Доказ за работно искуство.
Kандидатите кон пријавата во скенирана форма приложуваат и пополнета изјава/согласност за обработка на лични податоци, и изјава за веродостојност на податоците за вработувањето.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Постапката за вработување опфаќа три фази и тоа:
– Фаза I – административна селекција (се врши проверка на исполнувањето на општите и посебните услови барани со овој јавен оглас, односно се врши бодување на формално образование, како и на неформално образование кое е стекнато во претходните пет години од денот на објавувањето на огласот со приложување на потврда, уверение, сертификат од областа на работното место за кое е објавен огласот, како и надвор од областа на работното место за кое е објавен огласот. Бодување се врши на работното искуство само во случај кога е побарано за конкретно работно место и е од областа на работното место, како и на приложените сертификати или уверенија за познавање на работа со компјутерски програми и канцелариско работење и за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), зависно од потребното ниво на познавање на јазикот наведено во овој оглас);
– Фаза II – Писмен испит – општ дел кој содржи прашања од областа на Законот за одбрана, Законот за вработените во Министерството за одбрана, Законот за класифицирани информации и Етичкиот кодекс на вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија и посебен дел со прашања кои произлегуваат од работното место.
– Фаза III –интервју со кандидатите.
Рокот за пријавување изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Министерството.
Кандидатите се должни пријавата и другите документи да ги пополнат во целост, прецизно и со точни податоци и да ги достават на електронската пошта javenoglasMO@mod.gov.mk.
Кандидатите за вработување на јавниот оглас по пријавата ќе бидат известени за доделениот идентификациски код, кој ќе служи за следење на фазите во постапката за вработување.
Одлуките за избор на кандидатите за вработување ќе бидат објавени на интернет страницата на Министерството и ќе бидат доставени до сите пријавени кандидати согласно закон.
Ненавремената, непотполна и несоодветна документација нема да се разгледува.