Институција која огласува: Министерство за одбрана
Рок на пријавување: 19/11/2026
Почитувани граѓани,
На следниве линкови може да ги преземете потребните документи и материјали кои се наведени во самиот Јавен оглас:
- Пријава за вработување
- Изјава/согласност за обработка на лични податоци
- Изјава за веродостојност на податоците за вработувањето
Материјали за подготовка за полагање на писмениот испит (ФАЗА 2).
1.Закон за одбрана - Закон за одбрана
2.Закон за вработени во Министерство за одбрана - Закон за вработени во Министерство за одбрана
3.Закон за класифицирани информации - Закон за класифицирани информации
4.Етички кодекс на вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија - Етички кодекс
Врз основа на член 35, член 36 и член 37 од Законот за вработените во Министерство за одбрана („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.53/24), а во врска со член 22 став (1) точка 1 и став (4) и член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 34/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25, 74/25 и 124/25) и Правилникот за начинот на поднесување пријава за вработување во Министерството за одбрана, составот на Комисијата за избор, начинот на работа на Комисијата за избор, составување на ранг листи, бодување и избор на прворангиран кандидат („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.247/24), Министерството за одбрана објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2026 за вработување на 5 (пет) лица во Министерството за одбрана на Република Северна Македонија
Министерството за одбрана објавува јавен оглас за вработување на 5 (пет) лица на неопределено време за следните работни места:
1. ОДБ0210Б02000 Раководител на Сектор за правни и управни работи, категорија Б, (1) извршител
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да е полнолетен,
- користење на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо,
- да е здравствено и психофизички способен и
- со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Општествени науки - право
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
- најмалку шест години работно искуство во струката во јавен сектор од кои најмалку две години на раководно работно место, односно најмалку осум години работно искуство во струката во приватен сектор, од кои најмалку четири години на раководно работно место.
Општи работни компетенции:
- вредности и етичност,
- лидерство и раководење,
- остварување на резултати,
- стратегиско размислување и интегритет,
- ефикасност,
- способност за носење одлуки и
- способност за координација.
Работни денови:
- од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
Работно време:
- времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Износ на основна нето плата: 61.012,00 денари.
2. ОДБ0210Б03000 Помошник раководител на Сектор за човечки ресурси, категорија Б, (1) извршител
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да е полнолетен,
- користење на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо,
- да е здравствено и психофизички способен и
- со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Високо образование;
- поседување на соодветен безбедносен сертификат со степен на класификација определен со актот за систематизација на работните места;
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
- најмалку пет години работно искуство во струката во јавен сектор од кои најмалку една година на раководно работно место, односно најмалку седум години работно искуство во струката во приватен сектор, од кои најмалку три години на раководно работно место.
Општи работни компетенции:
- вредности и етичност,
- лидерство и раководење,
- остварување на резултати,
- стратегиско размислување и интегритет,
- ефикасност,
- способност за носење одлуки и
- способност за координација.
Работни денови:
- од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
Работно време:
- времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Износ на основна нето плата: 56.201,00 денари.
3. ОДБ0210Б04000 Раководител на Одделение за имплементација и надзор на проекти, категорија Б, (1) извршител
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да е полнолетен,
- користење на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо,
- да е здравствено и психофизички способен и
- со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Инженерство и технологија;
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
- најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката во приватен сектор, од кои најмалку една година на раководно работно место.
Општи работни компетенции:
- вредности и етичност,
- лидерство и раководење,
- остварување на резултати,
- стратегиско размислување и интегритет,
- ефикасност,
- способност за носење одлуки и
- способност за координација.
Работни денови:
- од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
Работно време:
- времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Износ на основна нето плата: 51.664,00 денари.
4. ОДБ0210Б04000 Раководител на Одделение за координација и реализација на меѓународни операции, мисии и вежби, категорија Б, (1) извршител
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да е полнолетен,
- користење на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо,
- да е здравствено и психофизички способен и
- со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен –Високо образование;
- поседување на соодветен безбедносен сертификат со степен на класификација определен со актот за систематизација на работните места;
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
- најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката во приватен сектор, од кои најмалку една година на раководно работно место.
Општи работни компетенции:
- вредности и етичност,
- лидерство и раководење,
- остварување на резултати,
- стратегиско размислување и интегритет,
- ефикасност,
- способност за носење одлуки и
- способност за координација.
Работни денови:
- од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
Работно време:
- времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Износ на основна нето плата: 51.664,00 денари.
5. ОДБ0210Б04000 Раководител на Одделение за планирање и буџетска координација, категорија Б, (1) извршител
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да е полнолетен,
- користење на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо,
- да е здравствено и психофизички способен и
- со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен –Општествени науки;
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
- најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката во приватен сектор, од кои најмалку една година на раководно работно место.
Општи работни компетенции:
- вредности и етичност,
- лидерство и раководење,
- остварување на резултати,
- стратегиско размислување и интегритет,
- ефикасност,
- способност за носење одлуки и
- способност за координација.
Работни денови:
- од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
Работно време:
- времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Износ на основна нето плата: 51.664,00 денари.
За работните места под реден број 2 и реден број 4 од овој оглас за кои како посебен услов се побарува поседување на соодветен безбедносен сертификат со степен на класификација определен со актот за систематизација на работните места, избраните кандидати треба да го исполнат во законски утврдениот рок преку процедура спроведена од Министерството за одбрана.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање дадени во овој оглас, а при изборот ќе се почитуваат општите начела за вработените во Министерството за одбрана утврдени со Законот за вработените во Министерството за одбрана, притоа исполнувајќи ги критериумите на стручност и компетентност.
Пријавата за вработување во Министерството за одбрана се презема и се поднесува во електронска форма преку интернет страницата на Министерството, за што на секој кандидат ќе се додели идентификациски код кој ќе се користи за следење на резултатите од фазите на постапката за вработување.
Kандидатите кон пријавата во скенирана форма приложуваат документи и тоа:
- Уверение за државјанство;
- Доказ дека не им е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност (не постар од шест месеци);
- Уверение/диплома за завршен степен на образование во зависност од условите за работното место;
- Сертификати/уверенија/дипломи за познавање на странски јазик и за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- Сертификати/уверенија/дипломи за стручни усовршувања, обуки и сл. од областа на работното место, како и надвор од областа на работното место, не постари од 5 години од денот на објавување на огласот;
- Сертификат за работа со класифицирани информации, доколку е утврдено како посебен услов за работното место и доколку го поседува кандидатот;
- Лекарско уверение од медицина на труд (не постаро од шест месеци) и
- Доказ за работно искуство (листинг од Фонд на ПИОСМ или историјат од Агенција за вработување).
Kандидатите кон пријавата во скенирана форма приложуваат и пополнета изјава/согласност за обработка на лични податоци и изјава за веродостојност на податоците за вработувањето.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Постапката за вработување опфаќа три фази и тоа:
- Фаза I – административна селекција (се врши проверка на исполнувањето на општите и посебните услови барани со овој јавен оглас, односно се врши бодување на формално образование, како и на неформално образование кое е стекнато во претходните пет години од денот на објавувањето на огласот со приложување на потврда, уверение, сертификат од областа на работното место за кое е објавен огласот, како и надвор од областа на работното место за кое е објавен огласот. Бодување се врши на работното искуство само во случај кога е побарано за конкретно работно место и е од областа на работното место, како и на приложените сертификати или уверенија за познавање на работа со компјутерски програми и канцелариско работење и за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), зависно од потребното ниво на познавање на јазикот наведено во овој оглас).
Во фазата на административна селекција, кандидатите подлежат и на безбедносна проверка од страна на надлежната организациска единица за безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана. За кандидатите кои нема да ја поминат безбедносната проверка, за истите постапката за вработување завршува.
- Фаза II – Писмен испит – општ дел кој содржи прашања од областа на Законот за одбрана, Законот за вработените во Министерството за одбрана, Законот за класифицирани информации и Етичкиот кодекс на вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија и посебен дел со прашања кои произлегуваат од работното место.
- Фаза III –интервју со кандидатите.
Рокот за пријавување изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Министерството.
Кандидатите се должни пријавата и другите документи да ги пополнат во целост, прецизно и со точни податоци и да ги достават на електронската пошта javenoglasMO@mod.gov.mk.
Кандидатите за вработување на јавниот оглас по пријавата ќе бидат известени за доделениот идентификациски код, кој ќе служи за следење на фазите во постапката за вработување.
Одлуките за избор на кандидатите за вработување ќе бидат објавени на интернет страницата на Министерството и ќе бидат доставени до сите пријавени кандидати согласно закон.
Ненавремената, непотполнета и несоодветна документација нема да се разгледува.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА