Адмир Шабани
Заменик министер во Министерство за одбрана на Република Северна Македонија
Заменик министер во Министерство за одбрана на Република Северна Македонија
Адмир Шабани е избран и именуван за заменик министер за одбрана на 4 март 2026 година.
Пред стапувањето на оваа функција, Адмир Шабани, работел како Раководител на Сектор за континуирана едукација, односи со јавност и меѓународна соработка, воедно и портпарол на Државната изборна комисија.
Во периодот 2022 - 2025 година тој работел во Агенција за вработување како Раководител на Сектор за управување и развој на човечки ресурси.
Во периодот од 2008 - 2022 година работи во Државната изборна комисија (ДИК), почнувајќи како помлад соработник за подготовка и следење на седници на ДИК, а од 2012 на позицијата Раководител на одделение за едукација.
Од 2016 година до денот на именување за заменик министер за одбрана ја извршувал и функцијата портпарол во државната изборна комисија.
Од 2019 година раководи со Секторот за континуирана едукација, односи со јавност и меѓународна соработка.
Претходно во периодот од 2007 - 2008 година работи како Помлад соработник во Генералниот секретаријат на Владата, додека од август 2007 до март 2008 работи како правник во Катастарот на недвижности – Тетово на проект на Светска Банка за етажна сопственост и регистрација на недвижностите насловен „Да се знае што е чие е."
Кариерата ја започнува како волонтер во Основениот суд Тетово, во периодот 2006 - 2007 година.
Адмир Шабани е дипломиран правник и автор и коавтор на повеќе публикации.
Поседува одлични компјутерски вештини, напредни познавања на AI алатки, програми за мултимедијални работи, дигитална комуникација и социјални мрежи.
Мајчин јазик е албанскиот, македонскиот одлично го користи во комуникација и пишување, а од странските јазици има одлични познавања на англискиот јазик и јазиците од поранешните ЈУ простори.
Во текот на својата работна кариера има учествувано на меѓународни настани и проекти и стекнато голем број меѓународни сертификати и признанија.