Согласно Член 20 од Законот за одбрана, во остварување на одбраната Министерстовото за одбрана:
1) подготвува стратегија за одбрана на Републиката;
2) учествува во изработката на процена на можните воени и други опасности со кои се загрозува суверенитетот, самостојноста и територијалниот интегритет на Републиката;
2-а) изработува Стратегиски одбранбен преглед;
2-б) изработува Долгорочен план за развој на одбранбените способности;
3) го организира и подготвува системот на одбраната и предлага мерки за негов развој и усовршување;
4) подготвува план за одбрана на Републиката;
5) го организира пренесувањето на наредбата за спроведување на мерките на приправност и го следи нивното спроведување;
6) го организира и спроведува планирањето на одбраната;
7) ги планира потребите на одбраната и изработува финансиски планови и програми за потребите на одбраната;
8) ги распоредува финансиските средства за одбраната во согласност со Буџетот на Републиката;
9) врши ревизија на реализацијата на финансиските средства распоредени за потребите на Армијата;
10) планира резерви за потребите на одбраната во случај на воена состојба;
11) планира и организира материјално обезбедување за потребите на одбраната;
12) организира и спроведува здравствена заштита за потребите на одбраната;
13) предлага организација и формација на Армијата;
14) врши пополнување на Армијата;
15) организира и спроведува мобилизација на Армијата;
16) врши контрола и оценување на борбената готовност на Армијата;
17) донесува годишен план за вежбовни активности на Армијата;
18) донесува годишен план за школување и стручно оспособување и усовршување на лицата на служба во Армијата и вработените во Министерството, како и извадок од развојниот план за обучување;
19) врши стручни и управни работи во врска со изградбата на воени и други објекти од значење за одбраната и изградбата на инвестициони објекти за потребите на Армијата;
20) организира и спроведува вежбовни активности со органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби и други организации од јавен интерес;
21) го усогласува и координира опремувањето на органите на државната власт за работа во воена состојба;
22) планира и организира уредување на територијата за потребите на одбраната;
23) организира и подготвува комуникации за раководење за потребите на одбраната во кризна, вонредна и воена состојба;
24) организира, подготвува и спроведува криптозаштита на класифицирани информации од областа на одбраната;
25) врши фреквентен менаџмент во радиокомуникациите за потребите на одбраната;
26) организира и обезбедува функционирање на интегриран комуникациско- информациски систем;
27) води евиденција на граѓаните кои го отслужиле воениот рок и врши пополнување на резервните сили на Армијата;
28) организира и спроведува разузнавање, контраразузнавање и безбедност за потребите во одбраната;
29) организира и спроведува спречување и откривање на кривични дела од член 135 на овој закон;
30) го следи остварувањето на заштитата на класифицираните информации од значење за одбраната;
31) организира и спроведува обука за одбрана;
32) изработува наставни планови и програми за обука за одбрана;
33) организира функционирање на Центарот за обука за одбрана;
34) ги врши управните работи во остварувањето на правата и должностите на граѓаните во областа на одбраната;
35) води кадровска политика;
36) води сметка за составот на армискиот раководен кадар и другите лица ангажирани во Армијата, од аспект на националната припадност, без да се наруши критериумот на професионалност и стручност;
37) организира и спроведува информирање на јавноста;
38) организира и остварува издавачка дејност;
39) утврдува стандарди и други акти на стандардизација и метрологија за потребите на одбраната во согласност со закон;
40) врши надзор врз спроведувањето на овој закон и другите прописи од областа на одбраната;
41) дава стручно мислење на министерствата и другите органи на државната управа и управните организации во спроведувањето на подготовките за одбрана;
42) организира научно-истражувачка работа за потребите на одбраната;
43) организира научна и научно-техничка соработка од областа на одбраната со институции надвор од Републиката;
44) планира остварување на меѓународна соработка во областа на одбраната;
44-а) обезбедува поддршка на команди, штабови и воени единици на меѓународните организации, при престој или поминување низ територијата на Републиката;
44-б) обезбедува и координира цивилна и воена поддршка на воени единици на сојузничките сили при престој или поминување низ територијата на Републиката согласно со меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот;
45) ја организира посетата на пратениците на Министерството и на Армијата;
46) донесува прописи што се однесуваат на школување, стручно оспособување и усовршување на лицата на служба во Армијата и други прописи во врска со вршењето на службата во Армијата;
47) донесува прописи што се однесуваат на стручно оспособување и усовршување на вработените во Министерството за одбрана и
48) донесува стручни упатства од областа на одбраната;
49) организира подготовки на системот на Министерството за одбрана за справување со кризи, како поддршка на системот за кризен менаџмент на Републиката;
50) организира и управува со националниот кодификациски систем за потребите на одбраната и наменската индустрија согласно со стандардите за обезбедување и контрола на квалитет и
51) го организира системот на воено здравство и спроведувањето на здравствената заштита согласно со овој закон и врши здравствена дејност врз основа на дозвола за вршење здравствена дејност согласно со прописите од областа на здравствената заштита.
52) го организира и спроведува станбеното обезбедување на активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата.
Во воена состојба Министерството за одбрана, врши штабни и други работи за потребите на претседателот на Републиката.
КРАТКА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОДГОВОРНОСТИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИОНИТЕ ЕДИНИЦИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА
СЕКТОР ЗА ПОДДРШКА
Секторот ги врши работите кои се однесуваат на стручна и советодавна поддршка на министерот за одбрана, заменикот министер и државниот секретар, дава стручни анализи и предлози за планот за работа на секторот и министерството, известувања и мислења по материјали од организациските единици во Министерството кои се подготвуваат за доставување до Генералниот секретаријат на Владата, надлежните комисии како и за седници на Владата на Република Северна Македонија; имплементациjа на активностите согласно плановите и програмите за работа на секторот преземајќи активности при прибирање и обработка на податоци; подготвува мислења по материјали добиени од Генералниот секретаријат, комисиите и седниците на Владата како и врши административни задачи за тековните работи на министерот, заменикот на министерот и државниот секретар; вршење планирачки и организациски задачи за протоколарните работи за потребите на министерот, заменикот на министерот и државниот секретар како и преводи и лекторирање на документи и материјали за потребите на организациските единици во министерството.
СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА
Секторот ги врши работите кои се однесуваат на процена на усогласеност на работењето на Министерството во согласност со законите, подзаконските акти и договори, темелна процена на функционирањето на системот на внатрешна контрола, потребите за вршење ревизија врз основа на ревизорските принципи за управување со ризикот; воспоставува приоритети за опфатот на ревизијата и развива стратегиски, среднорочни и годишни ревизорски планови кои треба да бидат одобрени од министерот; проверка на точноста, комплетноста и законитоста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи на Министерството, координирање на ревизорските активности како и темелна проценка на работењето на информативно технолошките системи.
СЕКТОР ЗА ИНСПЕКЦИЈА
Секторот ги врши работите кои се однесуваат на инспекцискиот надзор на спроведување на законитоста во работењето на Министерството, Генералштабот и Армијата, а по одделни содржини од интерес за одбраната и во органите на државната власт, локалната самоуправа, организациите и трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби од значење за одбраната, во согласност со закон и Правилникот за инспекциски надзор во областа на одбраната, односно вршење на инспекциски надзор по сите области и содржини на работење.
ОДДЕЛЕНИЕ – ПОДРЕГИСТАР ЗА КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ
Одделението врши работи и задачи во врска со планирање и насочување на работата во врска со приемот, евиденцијата, стручната обработка, десиминацијата и преносот на класифицирани информации до крајните корисници согласно принципот „потребно да знае“; врши контрола за начинот на користење, чување и заштита на класифицирани информации; одбирање на документарен материјал, архивирање и уништување на класифицирани информации; водење евиденција и ажурирање на бројот на издадени безбедносни сертификати за пристап до класифицирани информации; изработка на безбедносно-оперативни процедури за работа со класифицирани информации; учество во изработка и спроведување безбедносни аранжмани врзани со акредитација на системи, машини и уреди на кои се користат или се обработуваат класифицирани информации; давање стручна помош и информирање на персоналот за нивните права и обврски при користењето на класифицирани информации.
ДИРЕКТОРАТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И РАЗУЗНАВАЊЕ ВО ОДБРАНАТА
Овој директорат има функција за спроведување на суштински надлежности на министерството поврзани со безбедност, разузнавање и контраразузнавање за потребите на одбраната, кои се остваруваат преку задачите:
– Разузнавање за потребите на одбраната
– Контраразузнавање за потребите на одбраната
– Спречување и откривање на кривични дела согласно Законот за одбрана
– Заштита од ризици и закани по безбедноста на персоналот, материјалите и имотот и на самото делување на системот за одбрана
– Физичка безбедност и проверки
– Сајбер безбедност и форензика
– Анализа на информации, хибридни закани и други опасности од аспект на одбраната
– Планирање и менаџирање на ресурси за потребите на Директоратот
– Внатрешна контрола
Функциите на Директоратот за безбедност и разузнавање во одбраната се остваруваат преку :
- Сектор за разузнавање
- Сектор за контраразузнавање и безбедност
- Сектор за аналитика
- Сектор за менаџирање ресурси, информации и соработка
ДИРЕКТОРАТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ, ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА
Директоратот за управување со човечки ресурси, образование и обука има функција на поддршка и функција на креатор на политики, кои се остваруваат преку задачите:
– креирање на стратегии, политики, програми, планови и анализи за управување со човечки ресурси, образованието и обуката,
– финансиско планирање, програмирање, буџетирање и следење на документите од областа на човечките ресурси, образованието и обуката,
– изработка на функционална анализа на министерството,
– организација на системот за управување со човечки ресурси,образование и обука,
– изработка на подзаконски нормативно правни акти и акти за регулирање на права и обврски од работен однос,
– планирање и пополна на персонал, управување со развојот и кариерата на персоналот во одбраната,
– задржување и стимулација на персоналот, грижа за вработените и нивното ментално здравје и транзиција на персоналот,
– унапредување на јазични вештини согласно СТАНАГ 6001,
– организација на специјализирани обуки,
– организација на предупатни обуки за стандардизација и реконструкција,
– планирање, организирање и спроведување на индивидуални обуки во областа на одбраната,
– развој на комуникациски вештини на персоналот за односи со јавноста,со планирање и изведување на медиа тренинг обуки, и
– поддршка на обуките од областа на односите со јавноста, стратешките комуникации и справувањето со дезинформации (национални и меѓународни).
Функциите на Директоратот за управување со човечки ресурси, образование и обука се остваруваат преку :
- Сектор за човечки ресурси
Секторот за човечки ресурси ги врши работите што се однесуваат на креирање стратегии, политики, програми, планови и анализи за управување со човечки ресурси; спроведување финансиско планирање, програмирање, буџетирање и следење на документите од областа на човечките ресурси; спроведување и изработка на функционална анализа на министерството; изработка на Правилник за внатрешна организација и Правилник за систематизација на работни места во министерството; организација на системот за управување со човечки ресурси преку изработка на подзаконски нормативно правни акти и акти за регулирање на права и обврски од работен однос за сите категории на персонал во одбраната; планирање пополна на персонал во земјата и странство и управување со развојот и кариерата на персоналот во одбраната; грижа за стандардот, здравјето и условите за работа, спроведување на постапките за прием и водење во кариера на вработените во одбраната; следење на ефектот на вработените во министерството; транзиција на персоналот за цивилен живот; евиденции и бази на податоци за сите категории на персонал во министерството; изработка на аналитички материјали и анализи од областа на човечките ресурси.
- Сектор за образование и обука
Секторот за образование и обука ги врши работите кои се однесуваат на креирање стратегии, политики, програми, планови и подготовка на извештаи и анализи во областа на образованието и обуката во Министерството и Армијата; донесување и ажурирање на Стратегијата за образование и обука во одбраната; финансиско планирање, програмирање, буџетирање и следење на документите од областа на образованието и обуката; организација на специјализирани обуки, унапредување на јазичните вештини согласно СТАНАГ 6001; планирање, организирање и спроведување индивидуални обуки во областа на одбраната во земјата и странство за сите вработени во Министерството и Армијата; учество во координација, следење и имплементација на НАТО цели на способности: S1106-Обука на персонал за стабилизација и реконструкција и S5202- Распоредлива способност за поддршка и координација на СИР; изработка на Годишен план за школување, обука, стручно оспособување и усовршување и специјализации; комуникација со високо – образовни институции во насока на воспоставување на соработка и развој на образованието и обуката; координација на постапката за спроведување на обуката на кандидатите за учество на курсеви за подофицери за родови и служби во Армијата; изработка на аналитички материјали за школување во земјата и странство.
- Сектор регионален центар за медиа тренинг (PARC)
Секторот Регионален центар за медиа тренинг (PARC) ги врши работите кои се однесуваат на обуките од областа на односи со јавност, стратешките комуникации и справувањето со дезинформации (национални и меѓународни), националните обуки кои се наменети за персоналот за односи со јавност од Министерството за одбрана, Армијата како и од останатите владини институции; спроведување на меѓународни обуки наменети за персоналот за односи со јавноста од земјите на НАТО, Партнерството за мир, Медитеранскиот дијалог, Истанбулската Иницијатива за соработка и глобалните партнери на НАТО; развој на комуникациски вештини на персоналот за односи со јавноста и обезбедување на неопходната експертиза на полето на односите со јавноста со цел оспособување за ефикасна работа со медиумите и за спроведување ефикасен систем за односи со јавноста во време на мир, за време на криза и при работа во мултинационални средини (меѓународни мисии и операции); функција на носител на превентивна функција во рамки на системот за справување со дезинформации во Министерството, преку обуки со цел развој на медиумската писменост, развој на свесноста за штетното влијание на дезинформациите и развој на персоналните капацитети за нивна детекција во насока на зајакнувањето на институционалната отпорност на дезинформации.
ДИРЕКТОРАТ ЗА КОМУНИКАЦИИ
Директоратот за комуникации има функција на поддршка која се остварува преку задачите:
– Организација и развој на стратешките комуникации, односите со јавноста, медиумскиот мониторинг и издавачката дејност во Министерството;
– Одржување на високо ниво на транспарентност на Министерството;
– Развој и функционалност на системот за справување со дезинформации.
Функцијата и задачите на Директоратот за комуникации се остваруваат преку:
- Сектор за информации и комуникации
Секторот за информации и комуникации врши работи кои се однесуваат на стратешките комуникации на Министерството, вклучувајќи ги односите со јавноста, оперативното функционирање на системот за справување со дезинформации во неговата проактивна и реактивна функција, извршувањето на анализа на информациската средина, издавачката дејност на Министерството; унапредувањето на активната транспарентност на Министерството и неговата визибилност, како и развојот на интерните комуникации; справување со дезинформации, во неговата проактивна и реактивна функција, која заедно со превентивната функција реализирана од Секторот – Регионален центар за односи со јавноста креираат една целина и сеопфатна функционалност на овој Систем.
- Сектор за К-4 ИКТ
Секторот К-4 – ИКТ врши работи кои се однесуваат на континуирано и безбедно функционирање на информациско комуникациски технологии – ИКТ и системи за потребите на Министерството за одбрана К4 – (Командување, Контрола, Комуникации и Компјутерски систем); планирање и учество во изработка на правила и упатства од областа на информатиката, телекомуникацијата, фреквентниот менаџмент и информациска документација; билатерална соработка во рамки на НАТО од областа на информатиката; администрирање и одржување и заштита на оперативните системи, на бази на податоци во употреба во Министерството; учество во воени вежби; нормативни и управни, и развојни и инвестициони функции и задачи од областа на телекомуникациите и фреквентниот менаџмент; изработка на правила, упатства, наставни програми (издавачка дејност); планира, организира и спроведува криптозаштита за потребите на Министерството, другите органи на државната управа, јавните претпријатија, установи и служби во државата; остварува меѓународната соработка; изработка на годишни планови за архивски знаци за распоредување на актите во Министерството и Генералштабот на Армијата, годишни планови за архивска граѓа од трајна вредност за Министерството и Генералштабот на Армијата и годишни планови за документарен материјал со рокови на негово чување за Министерството и Генералштабот на Армијата; примање, прегледување, класификација, заведување и распоредување на актите по организационите единици на Министерството и Генералштабот на Армијата; средување, архивирање, категоризација и одбирање на документите и актите на Министерството и Генералштабот на Армијата; сместување, чување, заштита и обезбедување на документарниот материјал и архивската граѓа, како и попишување на материјалот кој треба да се уништи; планирање и обезбедување канцелариски материјал за потребите на организациските единици на Министерството и оформување и комплетирање книговодствени документи за истото; печатење и умножување на документи и акти за организациските единици на Министерството и Генералштабот на Армијата.
ДИРЕКТОРАТ ЗА ПРАВНИ РАБОТИ
Директоратот за правни работи има функција на поддршка која се остварува преку задачите:
– Организација и развој на законска и подзаконска регулатива од областа на одбраната;
– Усогласување на законската рамка со регулативата на НАТО и ЕУ;
– Координација и склучување на договори од областа на одбраната;
– Остварување на права на граѓани од областа на одбраната во управна постапка;
– Застапување на интересите на Министерството за одбрана пред надлежните судски органи.
Грижа за интересите на Министерството за одбрана во кривични предмети, должничко – доверителски, во имотно – правни и работни спорови.
Функцијата и задачите на Директоратот за правни работи се остваруваат преку:
- Сектор за правни и управни работи
Секторот за правни и управни работи ги врши работите кои се однесуваат на: изработка на предлози за донесување на закони, нацрти и предлози на закони од областа на одбраната, како и уредби, одлуки и решенија кои Министерството ги предлага на Владата за нивно донесување; изработка на правилници, упатства, наредби, решенија, планови и програми од надлежност на Министерството и Генералштабот на Армијата; давање стручни мислења по законите и другите прописи и општи акти кога тоа е побарано од Владата и други органи на државната управа, како и други стручни служби на Министерството и Генералштабот на Армијата; управно правни работи во врска со остварување на правата на граѓаните од областа на одбраната; изработка на решенија во управна постапка кога е изјавена жалба на решение донесено во управна постапка во прв степен од страна на граѓаните повикани да извршуваат права и должности од областа на одбраната и изработка на одговор на тужби во управни спорови; давање стручна помош во постапка за дисциплинска одговорност и материјална одговорност за вработените во Министерството за одбрана; постапување по предлози и претставки, како и давање одговор и мислења по поднесени барања од Народниот правобранител по прашања од управни и правни работи.
- Сектор за застапување
Секторот за застапување врши работи кои се однесуваат на: застапување пред надлежни судски органи односно застапување на интересите на Министерството пред надлежните судови и други органи во врска со имотно-правните односи кои произлегуваат од работата на Министерството и Армијата; спроведување постапка за склучување спогодби (вонсудско решавање) за надомест на штета причинета на Министерството од трети лица; пружање стручна помош на лицата на служба во Армијата пред редовните судови за поведени постапки против нив во врска со вршењето на службата.
ДИРЕКТОРАТ ЗА ФИНАНСИИ
Директоратот за финансии има две функции, а тоа се функција на поддршка и функција на креатор на политики, кои се остваруваат преку задачите:
– Планирање и буџетска координација при донесување на планови, програми и буџет;
– Распоредување на финансиските средства за одбраната во согласност со буџетот;
– Следење и анализа на реализација на буџетот;
– Финансиска контрола на документација за готовинско и вирманско плаќање (Еx post);
– Финансиска контрола на документација за готовинско и вирманско плаќање (Еx ante);
– Книговодствена евиденција;
– Безготовински и готовински платен промет;
– Пресметка и исплата на плати и надоместоци.
- Сектор за планирање и контрола на буџетот
Секторот за планирање и контрола на буџет врши работи кои се однесуваат на: буџетирање и анализа на буџетот; утврдување и донесување на финансиски план на Министерството; анализа на реализацијата на финансиски средства утврдени со буџетот; анализа на состојбите во врска со финансиските ресурси и буџетирањето во Министерството и предлагање можни решенија за надминување на можните проблеми; предлагање начини на обезбедување на финансиски средства за реализација на донесените програми; следење на состојбата во врска со реализацијата на финансиските средства утврдени со буџетот на Министерството; планирање на материјални и финансиски ресурси; усогласување и изработка на програми за алокација на потребните материјални и финансиски ресурси и буџетирање и анализа на буџет; изработка на аналитички материјали со предлози за измена на постојната законска регулатива.
- Сектор за сметководство и исплати
Секторот ги врши работите кои се однесуваат на: реализација на финансиски средства утврдени со буџетот на Министерството и финансискиот план; водење на финансиско и материјално книговодство; пресметка и исплата на плати и надоместоци.
ДИРЕКТОРАТ ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
- Сектор за билатерална и мултиратерална соработка
Секторот ги врши работите кои се однесуваат на: планирање, раководење и насочување на меѓународната соработка во областа на одбраната на Министерството за одбрана; спроведување на политиката и правни работи на Министерството во врска со мултилатералната, регионалната и билатералната соработка со НАТО и партнерските земји; усогласување, координирање и реализација на билатералните, регионалните и мултилатералните планови и програми; активности за имплеметација на обврските од меѓународните договори од областа на одбраната, планови и програми кои ги склучува Министерството за одбрана во рамките на меѓународната соработка.
- Сектор за одбранбена дипломатија, НАТO и ЕУ
Секторот ги врши работите кои се однесуваат на: обезбедување на стандардите на НАТО и работа околу подготовките на стандардите на НАТО и работите околу подготовките и организациите врзани за операциите и вежбите од страна на НАТО и партнерските земји; координација во врска со упатување на наши сили во мировни мисии во странство и воени вежби во земјата и странство; проследување на информации и институции на воените аташеа на Република Северна Македонија за активностите од соработката со земјите на нивната акредитација и прием, следење и проследување на информации од воените аташеа во Република Северна Македонија во странство до надлежните структури; обезбедување комуникација и соработка со воените и дипломатските преставници на странски држави акредитирани во Република Северна Македонија; контакти со релевантните служби и агенции.
ДИРЕКТОРАТ ЗА УСЛУГИ, СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА
Директоратот за Сектор услуги спорт и рекреација има функција на поддршка која се остварува преку задачите:
– Организација и реализација за целокупната работа на Директоратот
– Координација и склучување на Договори од интерес на Директоратот
Функцијата и задачите на Директоратот за услуги, спорт и рекреација се остваруваат преку :
- Сектор за услуги,
Секторот врши работи кои се однесуваат на планирање, организација и реализација на сите угостителски услуги кои се реализираат како во координација со другите организациски единици во Министерството и Армијата, така и на комерцијална основа; планирање на културни настани и проекти; организација на манифестации; администрирање на потребите на кантините во Министерството и Армијата; организирање на превоз на вработени и делегации и одржување на возниот парк во Министерството.
- Сектор за спорт и рекреација
Секторот ги врши работите кои се однесуваат на: организирање, реализирање и поддршка на активности кои се во функција на физичката подготвеност, здравјето и рекреативниот живот на вработените во Министерството и Армијата; планирање и организирање спортски и рекреативни активности за вработените; учество во национални и меѓународни воени спортски манифестации; развој на проекти и програми за спортување, одржување на рекреативните центри и нивно подобрување; планирање и набавка на спортска опрема и материјали.
- Воен музеј
Воениот музеј ги врши работите кои се однесуваат на: изучување на воената историска материја; осовременување на воената историја како специфична воена наука; воспоставување на соработка со конзорциумот на воената историја со земјите членки на НАТО; размена на историски материјали (оружје, орудија, архивска документација) и други материјали со земјите членки на НАТО; набавка, заштита, конзервирање на музејскиот материјал; организирање на изложби и презентација на музејскиот материјал; организација на посети и едукација за збирките на Воениот музеј.
ДИРЕКТОРАТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ИМОТ И ИНФРАСТРУКТУРА
Директоратот за управување со имот и инфраструктура има функција на поддршка која се остварува преку задачите:
– Евиденција на недвижниот имот со кој што располага Министерството за одбрана и Армијата;
– Следење на договори за користење на недвижен имот кој што е даден под закуп;
– Инвестиционо и тековно одржување на објекти и инфраструктура со која располага Министерството за одбрана и Армијата;
– Реализација на договори изведба и одржување.
Функцијата и задачите на Директоратот за недвижности се остваруваат преку:
- Сектор за градежни работи и проекти
Секторот ги врши работите кои се однесуваат на: изработка на документација за планирање, проектирање, буџетирање и изведба на градежни работи и проекти; водење евиденција за инвестиционо одржување на објектите на Командите и единиците на Армијата; соработка со секциите на Генералштабот за грижата за воените локации, нивното уредување и опремување; вршење стручни и управни работи во врска со изградбата на воени и други објекти од значење за одбраната; изградба на инвестициони објекти за потребите на Армијата.
- Сектор за недвижности
Секторот ги врши работите кои се однесуваат на: подготвување на нормативни акти од областа на недвижностите што ги користи Министерството за одбрана и Армијата; изработува извештаи, анализи, информации и други материјали за Министерството, Владата и органите на државната управа од областа на прометот, замената и давањето на користење на недвижностите на кои корисник е Министерството за одбрана и Армијата; запишување на правата на недвижностите на кои носител на право е Министерството и Армијата; водење на евиденција на недвижностите; контрола на недвижниот имот пренесен на користење на правни и физички лица; изработка на мислења, програми, нацрт-договори и предлог-одлуки за пренесување и размена на имот за недвижностите; следење на реализацијата на договорите; иницирање на постапки за раскинување на склучени договори во случај на непочитување на договорните одредби; грижа за навремено фактурирање и наплата на закупнина во случај кога Министерството за одбрана се јавува како закуподавач.
ДИРЕКТОРАТ ЗА АКВИЗИЦИЈА
Директоратот за аквизиција има функција на поддршка и функција на креатор на политики која се остварува преку задачите:
– Спроведување на јавни набавки;
– Спроведување на набавки од областа на одбраната и безбедноста;
– Планирање и анализа на набавките;
– Контрола на квалитет;
– Административна и правна поддршка;
– Управување со аквизициски процеси и проекти;
– Стандардизација и кодификација;
– Управување со проекти за модернизација и вооружување;
– Контрола на квалитет;
– Поддршка на компаниии при настап на НАТО пазар;
– Контрола на обуката на воздухопловниот персонал;
– Проверка на компетенциите на воздухопловниот персонал;
– Издавање на дозволи за работа;
– Нормативно уредување на областа на воздупловството за потребите на одбраната;
– Издавање на воздухопловна стручна литература.
Функцијата и задачите на Директоратот за аквизиција се остваруваат преку :
- Сектор за набавки
Секторот ги врши работите што се однесуваат на: спроведување на постапки за јавни набавки; спроведување на набавки од областа на одбраната и безбедноста; планирање и анализа на набавките; спроведување контрола на квалитетот; административна и правна поддршка на процесите поврзани со набавките во одбраната.
- Сектор за логистика, модернизација и вооружување
Секторот ги врши работите кои се однесуваат на организација и подготовка на логистичкиот систем со предлог мерки за развој, доградба и усовршување; планирање и организирање резерви за потребите на одбраната во воена состојба; учество во планирањето на резервите за потребите на граѓаните; координација со Дирекцијата за стокови резерви; учество во планирањето на резервите за потребите на Армијата; организирање и складирање на резервите за потребите на Армијата; водење логистичка политика; планирање и организирање материјално обезбедување за потребите на одбраната; контакти со НАТО институции, Дирекции, Агенции, Бироа на министерствата за одбрана на земји членки на НАТО и партнерски земји, други државни органи, производни претпријатија, научно-истражувачки институции по прашањата на логистиката, модернизацијата и вооружувањето; соработка со другите организациски единици на Министерството и Армијата во областа на логистиката, модернизацијата и вооружувањето при усвојувањето, донесувањето, промоцијата и имплементацијата на проектите од својата надлежност; функција на носител на системот на номенклатурата на материјалните средства во Министерството и Армијата; планирање и поддршка на проектите на аквизиција; организирање, насочување, координација и учество во процесот на анализирање на утврдените политики и спроведувањето на планирање и поддршка на процесите на аквизиција; предлагање мерки за подобрување на состојбата со квалитетот на планирањето и спроведување на проектите на аквизиција; давање стручна и техничка подршка на Интегрираните проектни тимови за аквизиција; следење и поддршка на проекти за аквизиција на капитална опрема, задоволување на барањата утврдени во техничките стандарди и спецификации при определување на оперативните барања и техничките карактеристики и контрола на исправноста на барањата на интегралната логистичка поддршка; интегрирање и ангажирање на ресурсите на постоечката национална индустрија за потребите на одбраната; учество и изработка на Физибилити студии, елаборати, анализи и информации за изборот, начинот и исплативоста на опремувањето согласно со важечката методологија за опремување со нови средства.
- Сектор за воено воздухопловен авторитет.
Секторот ги врши работите кои се однесуваат на безбедноста на летањето, воздухопловното инженерство, издавање на специјални воздухопловно–технички билтени за измени во градба на воздухоплови, воздухопловниот персонал, проверка на квалитетот на образованието и обуката на воените пилоти и воените контролори на воздушниот сообраќај; воздухопловниот менаџмент, менаџмент на воздухопловниот простор, кој опфаќа активности во врска со проверка на процедурите за летање на воените и мешовити аеродроми; издавање на лиценци и испитување на несреќи и сериозни инциденти на воените воздухоплови или падобрани; примена на цивилни прописи и НАТО стандарди во военото воздухопловство во областа на пловидбеноста на воздухопловите и комплетноста на аеронаутичкиот персонал; функционирање на воената служба за аеронаутичко информирање; контрола на управувањето со воздушниот простор (Airspace Management) спроведување постапки за добивање на сертификати на персонал кој извршува должности на воздухопловни комуникациски системи, системи за навигација, системи за набљудување на воздушниот простор, системи за обележување и осветлување на аеродроми и хелиодроми за воени потреби; утврдување на правилата за познавање на англиски јазик и обука за англиски радиотелефонски комуникации; водење на евиденција за воено воздухопловниот персонал кој има лиценци и сертификати за вршење на дејноста.
ДИРЕКТОРАТ ЗА ПОЛИТИКА И ПЛАНИРАЊЕ, КРИЗЕН МЕНАЏМЕНТ И ЦИВИЛНО ВОЕНА СОРАБОТКА
Директоратот има две функции во надлежност на Министерството за одбрана, а тие се функција на поддршка и функција на креатор на политики, кои се остваруваат преку следните задачи и тоа:
Дефинирање на стратегиската рамка на одбраната;
– Развој на одбранбената политика;
– Проценка на можните воени и други опасности со кои се загрозува суверенитетот, самостојноста и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија;
– Управување со Системот за планирање, програмирање, буџетирање и извршување (СППБИ);
– Координирање и имплеменирање на НАТО процесот на одбранбено планирање во национални рамки;
– Планирање учество во хуманитарни операции, меѓународни операции, НАТО мисии и операции, операции во примената на правото на индивидуална или колективната самоодбрана, операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност, надвор од територијата на Републиката.
– Организација на функционирањето на системот за одбрана во време на воена состојба;
– Подготовка на јавните установи и служби, единиците на локалната самоуправа, претпријатијата и другите субјекти од посебно значење за одбраната за функционирање во услови на воена, вонредна и кризна состојба;
– Планирање на употребата на Армијата во услови на воена состојба;
– Утврдување на вкупните потребни ресурси на одбраната (материјални, човечки и финансиски) во време на воена, вонредна и кризна состојба.
– Проценка на можните закани и други опасности кои предизвикуваат кризни и вонредни состојби во Република Северна Македонија;
– Изработка на Планот за одбрана на Република Северна Македонија во услови на воена, кризна и вонредна состојба;
– Организација на функционирањето на системот за одбрана во време на воена, вонредна и кризна состојба.
Функцијата и задачите на Директоратот за политика и планирање, кризен менаџмент и цивилно-воена соработка се остваруваат преку:
- Сектор за политика и планирање
Секторот ги врши работите кои се однесуваат на: планирање, раководење и насочување на соработката во областа на одбраната на Министерството за одбрана со останатите национални и меѓународни институции; изработка на стратегиските документи од областа на одбраната; изработка и следење на реализацијата на планските документи за развој на одбраната.
- Сектор за подготовки во одбраната и кризен менаџмент
Секторот ги врши работите кои се однесуваат на организирање на системот на одбраната на државата; организирање на функционирањето на државата во кризна, вонредна и воена состојба; уредување на територијата на Републиката за потребите на одбраната, како и обезбедување на ресурсите во случај на кризна, вонредна и воена состојба.
- Сектор за цивилно-воена соработка.
Секторот ги врши работите кои се однесуваат на популаризацијата на воениот позив, воената евиденција и пополнувањето со резервен состав; планирање, анализирање и следење на реализирањето на лекарските и други прегледи и психолошки испитувања за утврдување на здравствената способност за воена служба, регрутирањето и упатувањето на доброволно служење на воениот рок; евидентирање и избор на кандидати за стручно оспособување на офицери во резервен состав; воена евиденција за воените обврзници; планирање, анализирање и распределба на човечкиот потенцијал материјално–техничките средства и добитокот; персонална евиденција за офицерите во резерва и учество во постапката за произведување и унапредување на воените старешини во резерва; планирање, организирање и следење на мобилизацискиот систем на резервниот состав на Армијата; проучување и анализирање на концепти, процеси, техники и процедури во врска со цивилната одбрана; соработка со субјектите на системот на одбраната заради остварување на виталните и стратешки интереси на политиката на национална безбедност; изработка на анализи, осврти, информации и извештаи од областа на цивилната одбрана.
Орган во состав на Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје