Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државен секретар

Елизабета Чуповска Ристова

Елизабета Чуповска Ристова

Државен секретар во Министерство за одбрана на Република Северна Македонија

Чуповска Ристова е родена во Велес, каде завршува основно и средно образование. Во 2006 година дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Економскиот факултет.

Работната кариера Чуповска Ристова ја започнува во 2006 година во Министерството за финансии, каде работи во областа на јавна внатрешна финансиска контрола. Во 2014 година е поставена за раководител на сектор – главен инспектор при Министерството за финансии, со надлежности, инспекциски надзор на управувањето со јавните средства.

Во Министерството за одбрана работи од октомври 2015 година, кога е назначена за Државен секретар, која функција ја извршува до јуни 2017 година. Во периодот од 2017 до 2024 година ја продолжува својата работна кариера во министерството, како раководител на Сектор. Во јули 2024 година, повторно е назначена за државен секретар во Министерството за одбрана.

Во својата работна кариера, има учествувано на бројни меѓународни комференции од областа на јавните финансии, како и од областа на одбранбено планирање, воена индустрија, логистика и буџетирање. Работела како обучувач на меѓународни проекти во делот на буџетското планирање и јавните набавки.

Активно говори англиски јазик и добро го познава германскиот јазик.

Контакт:
тел: +3892 328 20 09
email: elizabeta.cupovska@mod.gov.mk

анкетен лист: https://registar.dksk.mk/appointed-person/23157

Мени за пристапност