Денеска во Министерството за одбрана, заменик министерката Елфет Исмаили оствари средба со Саид Ал Самик, заменик шеф на мисијата при Амбасадата на Катар во Скопје. На средбата двајцата соговорници разговараа за зајакнување на билатералните односи и за интензивирање на соработката во областа на одбраната и безбедноста меѓу двете земји што би дало дополнителен придонес во заедничката посветеност за обезбедување мир и стабилност во регионот и пошироко.
Од страна на заменик шефот на мисијата Ал Самик беше изразена благодарност за можноста и досегашното учество на припадници на катарската армија во Регионалниот центар за односи со јавност во Скопје.