Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерката Елфет Исмаили во Рамштајн на состанокот на Контакт Групата за Украина

Заменик министерката Елфет Исмаили во Рамштајн на состанокот на Контакт Групата за Украина

Заменик министерката за одбрана, Елфет Исмаили во Рамштајн, Германија учествуваше на состанокот на Контакт групата за Украина, претседаван од американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. На состанокот во Германија присуствуваше и претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

 

Близу педесетина сојузници и партнери кои се дел од контакт групата за Украина ја потврдија поддршката за земјата која ја брани својата независност и својот суверенитет. Тие изразија поддршка за територијалниот интегритет на Украина.

 

На маргините на состанокот заменик-министерката Исмали разговараше со секретарот за одбрана Остин, при што порача дека нашата земја и во иднина ќе продолжи да ја поддржува Украина, согласно нејзините барања и нашите капацитети. Исмаили и Остин се согласија дека македонско-американската одбранбена соработка е на највисоко ниво и дека претставува уште еден доказ за стратешкото партнерство и сојузништво помеѓу двете земји.

Мени за пристапност