Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерката Елфет Исмаили во посета на Командата за операции

Заменик министерката Елфет Исмаили во посета на Командата за операции

Заменик министерката за одбрана Елфет Исмаили денеска беше во посета на Командата за операции во касарната “Боро Менков” во Куманово, каде беше пречекана од командантот бригадниот генерал, Бесник Емини и од началникот на штаб, бригадниот генерал, Мирче Ѓорговски.

Заменик министерката Исмаили при оваа посетата беше запознаена со мисијата и задачите на оваа единица, која воедно е позната и како главна движечка сила на Армијата и команда која опфаќа најголем број армиски единици кои придонесуваат за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата земја.

Меѓу другото, заменик министерката Исмаили беше информирана и за следните чекори на Командата за операции, вклучително и активностите како обуки и вежби, како и за имплементација на НАТО стандардите во текот на следниот период.

При посетата на оваа команда во касарната “Боро Менков”, заменик министерката Елфет Исмаили се потпиша и во „Книгата на впечатоци“.

Мени за пристапност