Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Владо Мисајловски со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Казуја Оцука

Средба на министерот Владо Мисајловски со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Казуја Оцука

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Казуја Оцука и одбранбеното аташе полковник Ивасаки Томофуми.

На средбата се разговараше за пријателските односи со Јапонија, потребата од зајакнување на билатералните врски и воспоставување на одбранбена соработка меѓу двете земји.

Министерот Мисајловски изрази благодарност за континуираната поддршка и придонесот на Јапонија во јакнење на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан. На новопоставеното одбранбено аташе, полковникот Ивасаки, му посака успех во работата.

Јапонскиот амбасадор Оцука се заблагодари за средбата и изрази поддршка за претстојните реформските процеси во насока на развој на земјава и остварување на втората стратешка цел, членство во Европската Унија.

Мени за пристапност